ЖИВОТ

Невакциниран наставник, на час без маска, заразил со “Ковид-19” повеќе од половина ученици

By kukuriku

August 30, 2021

„Вакцинацијата е водечка стратегија за превенција на јавното здравје за ставање крај на пандемијата „Ковид-19“, наведува CDC.

Наставничка во основно училиште, која не била вакцинирана против коронавирус, а на час ја симнала маската за да им чита на учениците, во мај минатата година зарази повеќе од половина од децата, по што заразените деца го пренесоа вирусот на остатокот од класот, нивните семејства и членовите на заедницата, изјавија официјални лица за Јавното здравство во Калифорнија, пишува CNN.

„Ова е одличен пример за тоа колку е лесно да се поткопаат обидите да се заштитат децата кои се премногу мали за да се вакцинираат“, рече д-р Rochelle Walensky, директор на Центрите за контрола и превенција на болести во САД.

Наставничката дошла на работа и ја симнала маската иако имала симптоми на „Ковид-19“, соопшти локален тим на Институтот за јавно здравје во неделниот извештај на CDC. Истрагата покажала дека наставничката претпоставува дека нејзините симптоми се показател за алергија, а не инфекции со коронавирус.

Инфекција и покрај мерките

Прво, во класа од 22 ученици, 12 од нив се заразиле, вклучително и осум од десетте што седеле во првите два реда. Сѐ се случило и покрај епидемиолошките мерки. Училиштето барало од наставниците и учениците да стават заштитни маски додека престојуваат во затворени простории. Разговорите со родители на заразените ученици сугерираат дека учениците во голема мера се придржувале до упатствата за носење маски и дистанцирање на учениците. Меѓутоа, откриено е дека наставничката понекогаш ја симнувала маската додека го читала материјалот на глас.

На крај, вкупно 27 лица биле заразени, вклучувајќи го и наставникот. Никој не се разболел сериозно и сите закрепнале. Случаите што биле анализирани ја вклучуваат делта варијанта на коронавирус, иако истражувачите изјавија дека не можат нужно да тестираат некој што можеби бил првично заразен.

Важноста на вакцинацијата

CDC го наведе овој случај како пример дека училиштата треба да ги следат сите препораки доколку сакаат да ги заштитат учениците и вработените. Според упатствата на CDC за училиштата, вакцинацијата е мерка број еден за заштита од коронавирус.

“Вакцинацијата е водечка стратегија за превенција на јавното здравство за ставање крај на пандемијата ковид-19. Промовирањето на вакцинацијата може да им помогне на училиштата безбедно да се вратат на учење лице влице, како и воннаставни активности и спорт”, тврдат тие.