Непримањето на невакцинираните деца во градинките и училиштата е најбрутална дискриминација

297

Здружението „Од нас за нас“ реагира на забраната за упис на невакцинирани деца во градинките и училиштата и смета дека со ова се прави најбрутална дискриминација на најмалите.

Оттаму велат дека настанат е хаос бидејќи родителите не знаат дали треба ги вакцинираат децата само со МРП вакцината или треба да имаат уреден вакцинален картон, а и градинките и училиштата не знаат каква потврда треба да донесат родителите.Невозможна мисија, според здружението, е и да се извади потврда од здравствените диспанзери. Ситуацијата е таква, велат од ова здружение, бидејќи нема писмен допис, туку се се сведува на усни наредби.

Не е работа на училиштата да кажуваат дали детето ги има примено вакцини или не. Нивна должност е да го запишат детето во училиште и да му овозможат настава.

Што е вакцина и зошто се појави движењето против вакцинирањето | Сѐ за вакцините

Во новиот закон за основно образование посебно е воведена забраната за заштита од дискриминација. Ова е најбруталната дискриминација извршена врз децата, истакна претседателката на здружението Гордана Гоџо на денешната прес-конференција.

Од Здружението прашуваат зошто во 2011 година кога била прогласена епидемија од сипаници или во 2014 година кога исто така била висока бројката на заболени, не била донесена ваква одлука за вакцинација.

Тривалентната вакцина МРП ги содржи живите вируси на морбилите, рубелоата и заушките.

Во Јапонија нема задолжителна вакцинација, а во светот нема поздрави деца

Зошто едно здраво дете кое ги има прележано малите сипаници му се наложува да ја прими МРП вакцината. Дури има и дечиња кои ги имаат прележано сите три болести и им се наложува да ја примат оваа вакцина. Зошто се прави оваа присила за примање вакцина, прашува Гоџо.

Одлуката да не се примаат невакцинирани деца, според неа, е противзаконска, бидејќи е загарантирано бесплатно основно образование за сите деца.

Сознанијата на здружението укажуваат дека во голем дел од училиштата во Битола невакцинираните деца не се примаат во училиштата, а такви случаи има и во одреден број училишта во Скопје.

За повисоките цели во медицината – дали ја оправдуваат нашата доверба?

Здружението во сабота организира научна конференција на која се очекува да бидат спротиставени аргументите „за“ и „против“ вакцинацијата. Поканети се експерти од државата, но и од Словенија, Хрватска и Србија.

Поканет е и премиерот Зоран Заев, кој финансиски ја поддржал конференцијата, но, како што посочија организаторите, биле информирани од неговиот Кабинет дека не може да присуствува. Од Министерството за здравство засега нема потврда за присуство на конференцијата.

mia.mk

Јапонија: Масовни тужби против производителите на вакцини и Владата – Застрашувачки последици | Видео