ХОРОСКОП

Непогрешливи факти за секој хороскопски знак | Овните – најлоши возачи, Близнаците – најчести пациенти, Вагите – најубави …

By kukuriku

April 29, 2019

Ви нудиме да прочитате некои невообичаени факти добиени од статистиката и истражувањата поврзани со хороскопските знаци.

Дали сте знаеле дека најголем процент на победници во различни квиз натпревари се меѓу Близнаците, дека Скорпиите се најсреќни кога ќе падне ноќта, дека меѓу Вагите има најмногу убави луѓе, и дека навидум строгите Јарци се добри музичари?

Податоците на британската и германската Националната асоцијација на возачите сведочат дека Овните водат во бројот на автомобилските несреќи, а повеќето поп ѕвезди се родени во знакот на Лав!

Прочитајте повеќе слични факти во следниот текст:

ОВЕН

* 1. Овните не можат да се пофалат со особен успех во водење деловни преговори и во одржување на деловна соработка. Не толерираат муватори, нечесни луѓе, оние кои лажат, па без двоумење ќе им кажат што мислат за нив… и така ќе го прекинат односот.

* 2. Резултатите од истражувањето покажуваат дека малите Овни напредуваат во групата деца кои не се откажуваат од зададената цел. Дури и ако им се даде задача на која не се дораснати и при тоа изразите сомнеж во нивниот успех, нема да се смират сѐ додека не ја решат, и не ви го докажат спротивното.

* 3. Истражувањата покажуваат дека главните причини зошто Овните ќе ја раскинат врската се: рамнодушност на партнерот, предвидливост на однесувањето и недостаток на страст. Овие особини вљубените Овни ќе ги доживеат како ладен туш.

* 4. За причините кои довеле до распаѓање на бракот, Овните често наведуваат постојана контрола, изливи на љубомора и копање по џебовите од страна на нивните партнери. * 5. Овните се најнестрпливите возачи. Податоци на британската и германската Националната асоцијација на возачи сведочат дека припадниците на овој знак водат во бројот на сообраќајни несреќи предизвикани од престигнување и непочитување на црвено светло.

* 6. Ќе ги препознаете по чекорите… Членовите на овој знак имаат држење натпросечно исправено, а чекорот е цврст и решителен. Иако ги мачи гихт се обидуваат да не одат згрбавено, а благодарение на честите прошетки живи се и активни до длабоката старост. Тие ретко ги посетуваат лекарите отколку припадниците на другите хороскопски знаци. Грипот и високите температури се нивните најголеми непријатели, а моќта на волјата и пркосот се најдобрите сојузници во борбата против болеста.

БИК

* 1. Биковите заземаат висока позиција на скалата на омилени шефови. Многу ги ценат талентите и способностите на своите подредени и сметаат дека е важно да се наградуваат вредните, доверливите и лојалните работници.

* 2. Биковите се најдобри домаќини дури и на работното место. Штом ќе влезете во нивната канцеларија ќе ве послужат со кафе за време на работниот разговор нудат скапи пијалоци или колачиња, а преговорите ги завршуваат во ресторан познат по одлична кујна.

* 3. Анкетата спроведена на илјадници брачни двојки укажува на заклучок дека Биковите се подготвени најдолго да чекаат лицето на кое му се додворуваат да им возврати љубов. Астролошкото објаснување на тој феномен е трпеливоста и посветеноста на Бикот.

* 4. Истражувањата во кои се користени снимки од Холивудските забави покажуваат дека Биковите почесто отколку другите знаци саканата личност посесивно ја држат околу половината при запознавање или при влегување во сала, постојано ја следат во чекор и се муртат ако танцува со некој друг.

* 5. Кога се интересираат за некое хоби, Биковите најчесто се посветени на одгледување на коњи, пчели или цвеќиња. Меѓу нив е завиден број колекционари на вредни слики и ретки поштенски марки.

* 6. Најмногу сакаат да доаѓаат на работа пред почетокот на работното време за да пијат кафе во тишина и да планираат детален работен ден. Причината за ова е јасна. Тие не толерираат паника и нервоза и кога некој ги брза или ги прекинува во работа.

* 7. Тие немаат високо мислење за луѓе кои користат евтини мириси, кои носат облека од вештачки материјали или кои живеат во домови чија архитектура и внатрешен дизајн одаваат лош вкус.

БЛИЗНАЦИ

* 1. Близнаците се господари на комуникацијата, па ќе почнат да комуницираат побрзо од другите знаци на јазикот на земјата во која се нашле. Течно зборуваат неколку јазици, а исто така се сметаат за одлични преведувачи.

* 2. На психолошките тестови за хумор Близнаците постигнуваат одлични резултати. Тие се “банки” на шеги и досетки. Баналните ситуации умеат да ги прераскажат така што слушателите “умираат од смеа”, па нивното присуство на забавите е синоним за успешна вечер.

* 3. Ако заклучат дека имаат повеќе корист од занимавање со некое хоби отколку од нивната професионална определба, ќе бидат целосно посветени без жалење. Повеќето од нив се во групата кои постигнале многу во работата која во почетокот била сметана за привремена.

* 4. Истражувањата покажуваат дека близнаците се најчести во групата на оние кои во подоцнежните години го задржуват младешкиот изглед и стил на облекување или носат смели тонови и модни додатоци кои се во тренд.

* 5. Ним никогаш не им е доволно од љубов, за што сведочи податок дека се венчаваат во домовите за стари лица повеќе од припадниците на другите знаци. Ниту неколку промашени бракови за нив не се причина уште еднаш да изговорат судбоносно “да”.

*6. Решавање на загатки и учество во квизови се омилена забава на Близнаците. Според една американска студија, далеку најголем процент на победници на различни квиз-натпревари се роден во овој знак.

*7. Тие се меѓу најредовните пациенти во клиниките на психолозите и психијатрите специјализирани за лечење фобија предизвикана од пожар, висина или затворен простор.

РАК

* 1. Статистичките податоци покажуваат дека Раковите се меѓу најдобрите советници, иако не знаат да си помогнат сами. Кога работите во животот ви одат надолу, контактирајте ги … Извонредната интуиција и вродената претпазливост се причината зошто тие ви даваат мудри и практични совети.

* 2. Од друга страна, пак, ако во љубовниот живот им тргне наопаку, тие почесто отколку другите знаци ќе тргнат по погрешен пат и ќе му се препуштат на пиењето, скитањето и претераните физички задоволства.

* 3. Раковите најдобро се снаоѓаат во улогата на надредените. Избегнуваат да држат говори или да се изложуваат на јавноста. Тешко воспоставуваат авторитет, а како недостаток им ја припишуваат прекумерната попустливост.

* 4. Тие се економични. Штом ќе се вработат, почнуваат да штедат за старост и црни денови.

* 5. Домот на Раковите не ретко изгледа како магацин на стари и непотребни нешта. Овие традиционалисти на уметнички сензибилитет се сентиментално поврзани со предметите што ги опкружуваат, па тешко се одделуваат од безвредни ситници.

* 6. Семејниот живот им е од особена важност, а сè друго е во втор план.

* 7. Жените Ракови облеката ја обновуваат на локалните пазари, но и старите шкафови или тавани им се омилени “бутици”. Многу оригинално и вешто комбинираат старо со ново, и секогаш изгледаат многу заводливо.

ЛАВ

* 1. Истражувањата спроведени во Холивуд, Њујорк и Франција покажуваат дека Лавовите се највредни посетители на големите општествени настани и редовно се присутни на сите гламурозни забави.

* 2. Лавовите припаѓаат на ретка група на среќници кои не се подложени на никаква трема и паника пред испит, ниту во ситуации кога треба да се појават пред публиката. Најмногу естрадни ѕвезди се родени баш во овој знак.

* 3. Тие се гордеат со она што имаат, па така и со изборот на партнери. Саканата личност со ќеиф ќе ја покажуваат пред пријателите и ќе го потенцираат шармот, образованието или убавината.

* 4. Иако ретко се одлучуваат за развод, истражувањата покажуваат дека раскинувањата најчесто се случуваат во мај и декември. Јануари, февруари, април и јуни се месеци кога најчесто се заљубуваат..

* 5. Лавовите ги сметаат за најдобри љубовници на зодијакот (освен Шкорпиите и Рибите), но истражувањата покажуваат дека најчесто страдаат од сексуални проблеми. Причината за ова лежи во нивната гордост и суета.

* 6. Истражувањето спроведено од познат бизнис магазин во педесетте најголеми американски компании покажува дека голем дел од луѓето на водечките позиции се раѓаат во овој знак, а во средното менаџерско ниво нивната застапеност е уште поголема.

* 7. Лавовите се сметаат за одлични гурмани. Слаба точка им се слатките, тортите, сладоледот и палачинките.

Девица

* 1. Според некои статистички податоци, Девиците се најстраствените читатели на љубовни романи. Психолозите укажуваат дека луѓето со изборот на литературата го надоместуваат она што им недостасува во животот, и се чини дека тие се во потрага по љубов и романса.

* 2. Тешко се освојуваат … Заљубените Девици прво ќе ги најдат причините против влегувањето во врска и дури по анализа на предностите и недостатоците на партнерот се препуштаат на повикот на срцето.

* 3. Сакаат да учат љубовни техники.

* 4. Според некои истражувања, во позиција на менаџери во американските фабрики и банки, тие заземаат второ место, но го достигнале некаде околу педесетиот роденден.

* 5 Имаат најосетлив дигестивен систем. Како по правило, нивниот желудник лачи прекумерна желудечна киселина и често заболуваат од чир на желудникот.

* 6. Девиците се незначително застапени во популацијата на алкохоличари и зависници од дрога. Причината за тоа е нивното избегнување на средствата кои би можеле да го нарушат рационалното расудување или да поттикнат несоодветно однесување.

* 7. Им треба повеќе време да ги решат секојдневните проблеми отколку на припадниците на другите хороскопски знаци. Тие посветуваат премногу внимание на детали и анализи, дури и побавно ја согледуваат целината на проблемот.

ВАГА

* 1. Мислењето дека Вагата е еден од најубавите во Зодијакот е поддржано и од експерти од козметичката индустрија.

* 2. На листата на мажи кон кои жените негуваат недоверба членовите на овој знак се наоѓаат на врвот. Ги сметаат за највешти заводници и ласкавци, на чиј шарм е тешко да се одолее. Очигледное дека на ваквата комбинација жените сè уште не се “дораснати”.

* 3. Социолошките истражувања покажуваат дека кај браковите, во кои разликата во возраста меѓу брачните другари е десет или повеќе години, знакот на Вагата е позастапен од другите.

* 4. Доколку е неопходно да се изјаснат кои ситуации од животот тешко ги поднесуваат, тие се одлучуваат за ситуации на затегнати меѓучовечки односи и конфликти. Често тврдат дека грижа на совест ги поттикнува што поскоро да ги надминат недоразбирањата, а тоа е затоа што се подготвени да го направат првиот чекор.

* 5. Кај Вагите, чувството за мирис е особено развиено, што ги прави идеални за бизнис во индустријата за парфеми. Без никакви потешкотии ќе го почувствуваат мирисот на туѓото тело. * 6. Спротивно на верувањето, Вагите не се страстни љубители на чоколадото, ниту разни “баханалии” (дива, развратна пијанка; бучна веселба, лумпување). Кај нив предност има готвената храна, супите, сосовите …

* 7. Вагата е фасцинирана од рамнотежата и симетријата. Тие често се оние кои ја ценат еднаквоста, не трпат неправда каде и да ја има, и прават сé за да се ослободат од неа. Тие не се склони на соочувањето без причина и сакаат да го зачуваат мирот, онаму каде што е можно. Исто како што се потребни два предмети за рамнотежа така и вагите почесто бираат да бидат во група или двојка, отколку да се сами.

СКОРПИЈА

* 1. Ако сте љубители на црн хумор, побарајте ДРУШТВО НА Скорпија. Луѓето кои ги познаваат, велат дека со нив е многу забавно, а најмногу уживаат во нивните луцидни провокации и духовити досетки, кои пукаат во суштината на проблемот.

* 2. Според искуството од САД, неуспешните фабрики имаат најмногу шанси за закрепнување, доколку се во рацете на професионалните Скорпии. Тие се мајстори во сите работи кои бараат реконструкција, реорганизација, потрага по нови патишта.

* 3. Според американските извори, тие се кралеви на берзата. За оваа способност тие можат да се заблагодарат на својата извонредна интуиција и потребата да ги победуваат другите. Понекогаш во тоа ќе ги надминат само тврдокорните Јарци или адаптибилните Близнаци.

* 4. Пациентите родени во овој знак најлесно се опоравуваат од траума и шокови. Влијанието на судбината се перцепира како еден вид на тест кој треба да се положи со подобар резултат, а проблемите им даваат дополнителна сила.

* 5. скорпиите како и Овните се склони кон неконтролирани испади на гнев. Во тоа ќе се убедите, ако почнете да ги анализирате пред другите или ако им поставите премногу интимни прашања.

* 6. Тие се во својот елемент само кога ќе падне ноќта. Нивната концентрација е најсилна околу полноќ, така што тие лесно учат и работат кога другите спијат.

* 7. Повеќе од другите знаци сакаат да покажат видливи нападни тетоважи по целото тело, повеќекратно дупнати уши, а жените Скорпии сакаат да носат накит на носот или папокот.

СТРЕЛЕЦ

* 1. Брачните партнери на Стрелците веруваат дека најголем недостаток на нивните брачни другари е склоноста кон неверството.

* 2. Доблестите кои кај нив најмногу се ценат се толеранцијата и подготвеноста за простување, а тие, исто така, нагласуваат дека често внесуваат ведрина и динамика во домот.

* 3. Се чини дека тие не сакаат столици. Претпочитаат да гледаат телевизија седнати на перници на подот, а често и спијат на подот. Дури и додека јадат седат на турски начин.

* 4. Тие се познати како најраздвижени луѓе. Причината лежи делумно во вродената живост, но многумина од нив се и верни обожаватели на јогата, тај-чи и разни видови на гимнастика.

* 5. Луѓето во овој знак почесто од другите поставуваат прашања и бараат дополнителни информации. Меѓутоа, се истакнуваат во групата на оние на кои нетрпеливоста не им дозволува да добијат комплетен одговор и знаат да прекинат нечие излагање. * 6. Истражувањето покажало дека Стрелците имаат најбрзи реакции зад воланот. Педалата на ножната сопирачка ја притискаат 5% побрзо од второпласираните Овни, и се сметаат за сигурни возачи.

* 7. Иако се склони кон разводи, тие не се на врвот на оваа неблагодарна листа. Статистиките покажуваат дека бракот склопен помеѓу Стрелец и Близнак е комбинација која најчесто завршува на суд.

ЈАРЕЦ

* 1. Луѓето во знакот на Јарец спаѓаат во групата која купува скапи брендови. Истражувањата покажале дека тие не се страстни потрошувачи и дека ги купуваат само неопходните работи, при што основни критериуми им се квалитетот и трајноста на производите.

* 2. Дека некои уверувања за нив треба да се преиспитаат, сведочи и податокот дека тие не се заложуваат за брачна верност до тој степен до кој тоа се смета. Со годините стануваат порелаксирани и повесели, и поради тоа се склони на понекој вонбрачен излет. * 3. Жените, генерално идеалниот сопруг го замислуваат како одговорен, доверлив и лојален маж. Со оглед на тоа дека станува збор за одлики на мажи родени во знакот на Јарец, произлегува дека тие се високо на скалилото на посакуваните мажи.

* 4. Токму во овој знак се родени многу истакнати музичари, особено гитаристи. Овој податок оди во прилог на мислењето дека тие се посензибилни отколку што обично се смета. Исто така, постои и рекорден број на Јарци – комичари.

* 5. Една од нивните омилени разоноди е шахот, игра која го вежба мозокот и ја развива комбинаториката. Така тие ја учат стратегијата на делување која ја применуваат и на работа.

* 6. Најголемиот број луѓе родени во овој знак заземаат водечка позиција, во 100-те најголеми банки во САД.

* 7. Работниот ден на Јарецот често трае до доцна во ноќта. Истражувањата извршени во американските корпорации и банки покажуваат дека тие најчесто се бричат и се пресвлекуваат во нивните компании.

ВОДОЛИЈА

* 1. Американските работодавачи претпочитаат да вработуваат Водолии на работни места кои бараат оригиналност. Истражувањата базирани на набљудување на вработените покажуваат дека Водолиите и работата на подвижната лента ги извршуваат на свој уникатен начин.

* 2. Тие се фасцинирани од сè она што е ултрамодерно. Статистичките податоци покажуваат дека тие биле меѓу првите кои набавиле компјутер и се поврзале на Интернет. Во кујната почесто од другите се служат со апарати.

* 3. Што се однесува до емотивниот живот, Водолиите спаѓаат во група на оние со кои тешко е да се планира заедничка иднина. На нивните партнери најмногу им пречи нивната склоност да воспостават пријателски однос со нивната поранешна љубов, и тоа дека честопати се несигурни во природата на своите чувства.

* 4. Пријателите им замеруваат на немирот и постојаната потреба за новини. Не ги држи место, па излегувањето со нив често значи трчање од место до место …

* 5. Водолиите се најотпорен знак кога станува збор за климатските промени и времето. Најбрзо и најлесно се навикнуваат на необични услови на живот, поларна студ, монсуни и тропски температури.

* 6. Тие го заземаат врвот на листата на домаќини во чиј дом гостите најпријатно се чувствуваат. Кај нив секогаш можете да упаднете ненајавени и слободно да влегувате во кујната и самоиницијативно да направите кафе или ручек.

* 7. По начинот на кој луѓето патуваат, лесно ќе погодите припадност на одреден хороскопски знак. Ако видите лице вооружено со камери и фотоапарати, нема да згрешите ако помислите дека е Водолија.

РИБИ

* 1. Рибите се миленици на среќата. Судејќи според резултатите од истражувањата на маркетиншките експерти, на успехот во кариерата Рибите можат да се заблагодарат во голема мерка на поповолен сплет на околности отколку на амбицијата.

* 2. Иако Рибите се сметаат за хаотични и понекогаш површни, истражувањата не го потврдија ова мислење. Иако ќе знаете по преполната работна маса кој седи зад неа, Рибите се во првите редови во брзина на пронаоѓање на потребните документи, како и во леснотијата со која тие се сеќаваат на нивната содржина.

* 3. Го сакаат допирот на металот. Ако се обрне внимание на нивното однесување во време на замисленост или додека се концентрираат на нешто, ќе забележите дека тие често несвесно тријат или го вртат приврзокот, прстенот, брезлетната или некој друг метален предмет.

* 4. Ретко се жалат на било каков недостиг или недостаток на пари. Припадниците на овој знак се задоволни и со пониски приходи.

* 5. Во групата на болни, за чија болест не е утврдена органска причина, застапеноста на Рибите е рекордна. Покрај тоа што изразуваат склоност кон невообичаени болести, процесот на нивното лекување честопати не го подржува научното објаснување.

* 6. Во популацијата на огнени поддржувачи на различни духовни групи, тие се еден од најчесто застапените знаци. Причината за тоа е што тие сакаат да се жртвуваат во полза на општото добро.

* 7. Резултатите од истражувањата кои се спроведени на американските тинејџери потврдуваат дека Рибите се на врвот по поглед на заљубувањето на прв поглед. Членовите на овој знак често известуваат за тоа дека своите идни партнери “ги запознале ” прво во сон, а потоа дури на јаве.