УБАВИНА

Неколку методи за полни усни

By kukuriku

June 27, 2021

Полни усни се меѓу клучните симболе за убавина и младост. Без сомнение тие изгледаат добро, но исто така поседуваат и мистериозен шарм.

Додека некои се родени со густи и убави усни, други се подложуваат на различни процедури, за да се здобијат со нив.

Добрите вести се дека има и природни начини со чија помош може да ги направиме усните повеќе густи и убави. Се нанесува слој од нашиот омилен балсам за усни и се користи чиста крпа за да се отстрани сувата кожа.

Еве некои од методите за природно згуснување на усните.

Со четката за заби

Во овој метод треба да нанесем тенок слој кокосово масло на усните и да го задржиме лицето на пареа на неколку минути. Откако кожата на усните ќе омекне, треба да ја избришеме со четката за заби.

Овој метод работи, бидејќи се отстрануваат мртвите клетки од кожата и усните изгледаат цврсти и со мала розова нијанса. Постапката се завршува со балсам за усни.

Метод со шеќер

Нанесуваме слој балсам за усни и чекаме 10 минути. Потоа земаме лажичка шеќер, кој го нанесуваме. Шеќерот се меша со кравјо или кокосово масло и усните се обфаќаат со добиената смеса.

На овој начин кожата на усните станува цврста. Триењето го засилува протокот на крвта кон усните.

Илузија на шминката

Ние би можеле да направиме усните да изгледаат цврсти и со помош на шминката. За целта треба да се нанесе полесен сјај во центарот на усните, на тој начин се создава илузија на густина.

Луѓето кои имаат тенки усни, не смеат да користат кармини со темни бои, и треба да се придржуваат кон светлите и сјајната боја.