Некои родители со децата поминуваат само еден час дневно – поради работата

288

Родителската асоцијација “Чекор по чекор” ги презентираше резултатите од истражувањето за воспоставување подобра рамнотежа помеѓу работата и семејството. Родителите би сакале пофлексибилно работно време и престој во училиште …

Истражувањето е спроведено во рамките на проектот БРЗО (Bolja Ravnoteža za Zaposlene Obitelji), започнат во соработка со Клубот на бремените жени и родителите од Сплит и со поддршка на Министерството за демографија, семејство, млади и социјална политика, со цел систематско спроведување на активности насочени на поттикнување воспоставување баланс помеѓу приватниот и деловниот живот на вработените родители.

Истражувањето опфатило фокус-групи со родители и работодавци од Градот Загреб и Сплитско-далматинска жупанија, како и анкетни истражувања во кои учествувале 772 родители од цела Хрватска.

– Целта на истражувањето е да се добие увид во предизвиците со кои се соочуваат вработените родители, но исто така и на нивните работодавци во воспоставување на добра рамнотежа помеѓу работата и семејниот живот – објасни Силвија Станиќ од Здружението на родители “Чекор по чекор”, Проект БРЗО.

– Крајно време е да на двета нивоа сме свесни дека таквата рамнотежа не е само значаен придонес за општеството како целина, туку дека е двапати добитна комбинација и за родителите и работодавците. Задоволните вработени, кои воедно се родители, можат само да го остварат својот потенцијал кога не мора да бираат помеѓу работата и семејството. Во исто време, поделбата на згрижување на децата помеѓу родителите придонесува за родова еднаквост и еманципација на мајките кои работат на пазарот на трудот – рече Станиќ.

Повеќе на тема родителство: Вака разговарајте со децата и ќе посеете семе на среќни луѓе

Дури 39 проценти од родителите поминуваат 2-3 часа дневно со своите деца

Во истражувањето спроведено меѓу родителите се покажало дека дури 95,7 проценти од нив сметаат дека рамнотежата помеѓу работата и семејството е важна, што и не изненадува кога ќе се земе в предвид дека повеќе од една четвртина од анкетираните родители неделно работи помеѓу 40 и 60 часа. Најголем број од анкетираните родители со деца поминуваат неколку часа на ден (39 проценти од родителите поминуваат од 2 до 3 часа, а 33,2 проценти се 3-5 часа), додека 11,8 проценти од родителите на децата им посветуваат помалку од еден час од времето во текот на денот.

Во грижата за децата повеќето родители, 64,9 проценти од нив, се потпираат на помошта од бабитете и дедовци, а 60,9 проценти ги носатта деца во градинка. Дека рамнотежата помеѓу работата и семејството зависи од чувствителноста на работодавците сметаат 66,1 проценти од родителите, 76,3 проценти сметаат дека рамнотежата би се воспоставила полесно, ако работодавачите би го почитувале Законот за работни односи, додека 74,9 проценти од родителите се убедени дека воспоставувањето на рамнотежа ја отежнува постојаната достапност преку мобилни телефони и електронски пораки. На крајот на краиштата, дури 79,8 проценти од испитаниците сметаат дека младите луѓе денес го планираат семејството во зависност од работниот статус.

Од друга страна, работодавците, исто така, сметаат дека воспоставувањето на рамнотежа помеѓу работата и семејниот живот е важно, препознавајќи го фактот дека личноста која не е задоволна од приватниот живот или е загрижена заради семејниот живот не може да биде успешна во работата.

Не може да биде фокусирана ниту задоволна, ќе ја извршува својата работа и ќе направи многу грешки, што потоа влијае на севкупната ефикасност на колективното работење. Тие ги истакнале предностите на модерните технологии, кои ја олеснуваат работата од дома и брза комуникација, но во исто време доведуваат до оптеретување на вработените и оневозможуваат воспоставување на рамнотежата.

Работодавачите предупредиле и дека мерките за воспоставување рамнотежа во некои дејности, сектори, како што се сезонската работа во туризмот, речиси се неможни, а се покажало и дека поголемите работодавачи имаат формални мерки за балансирање, додека помалите користат неформални во договор со вработените.

Семејниот статус на вработените лица, генерално, не делува на одлуката за вработување на поединецот, но во помалите компании е присутен страв од промена на семејната состојба на вработените, кој може да се одрази на бизнисот. Покрај ова, помалите работодавачи признаваат дека имаат проблеми во организацијата на работата во момент кога работничките одат на породилно боледување.

Работодавачите истакнале дека е важна институционалната поддршка на локално ниво, како што е подобрата организација на работата на детските градинки во согласност со потребите на вработените родители, работата на училиштата во една смена и осигурување на продолжен и целодневен престој во училиштето.

Тие, исто така, истакнале дека воспоставувањето на рамнотежата помеѓу работата и семејството потребни се минимум прописи, а не само чувствителноста на работодавачот, и дека е потребно да се формализира и да се стави на хартија, кои се правата на работниците, а кои на работодавачите, што и како тоа може да се дефинира и на кој начин. Се разбира, ќе има флексибилност во заминување и одење на работа – важно е работата да се изврши, а не да се исполни сатницата.

Родителите и работодавачите го истакнале при испитувањето прашањето за флексибилно работно време на прво место на придобивките кои ќе придонесат за воспоставување на рамнотежа помеѓу работата и семејниот живот.

Што сакаат родителите?

Родителите сакаат можност да работат со неполно работно време и да работат од дома, двократно и подолга работа на градинките, воведување на продолжен престој во училиштата, воспоставување дополнителни установи за детска грижа или користење на дополнителни активности за деца, како и правична распределба на одговорностите и грижата за домаќинството помеѓу родителите.

Работодавачите ја препознаа можноста за отворање на детски градинки за децата на вработените, воведување бесплатни денови за родендени, првиот училишен ден и детски градинки, како и можност за вршење на здравствени прегледи во текот на работното време.

24sata.hr

Бонус тема:

Како да ги подобриме постигнувањата на децата во училиште?