Барменот зад шанкот веќе не е единственото решение за љубителите на алкохолот кои немаат со кого да ја споделат својата страст.
Корејскиот пронаоѓач Јун Чан Парк создал робот кој веднаш е подготвен да влезе во улогата на пријател за пиење.
„Дринки“ зборува доста интересно кога е поднапиен, наздравува, се удира со чашата и дури му се поцрвенуваат образите, кога ќе го испие пијалокот на екс.
Најпријатното е дека роботот не „арчи“ алкохол – испиеното се собира во тегла и може да се употреби повторно – или од роботот или од неговиот пријател.