За многу девојки, косата е заштитен знак, па затоа шампонирањето е нешто што е сосема природна работа за повеќето нив.
Сепак, има и такви девојки кои решиле да се свртат кон „природата“, па затоа повеќе не користат шампон или регенератор.
Една од нив е Елура, која го сподели своето искуство со своите следбеници на YouTube, по година и пол миење на косата само со вода.
Како што истакна таа, на вашата коса ќе и требаат неколку недели прилагодување, но ако продолжите, ќе ги видите сите придобивки:
- Нема пластика
- Заштедувате пари
- Подобро е за вашата коса
- Времето помеѓу миењето е продолжено
Сепак, таа додаде дека ја сменила и исхраната, дека сега е веган, што влијае и на нејзината коса, но и на чистотата на кожата и јачината на ноктите.
Еве како изгледа нејзината коса сега: