Објавено July 5, 2016. Прочитано 61014
Како што самата лубеница е многу вкусна и корисна, многу луѓе ги игнорираат или едноставно, не се свесни колку семките можат да бидат корисни за нивното здравје. Додека луѓето јадат лубеница, тие ги фрлаат семките. Оние кои тоа не го прават, во еден дел си помагаат при варењето на храната, но за жал тоа е с ѐ .
Самите семки при поминување низ дигестивниот тракт остануваат непроменети и само механички помагаат за подобро варење, но повеќето од нивните корисни состојки остануваат неискористени. За да се искористат сите лековити својства, семките треба да се варат, мелат или да се испечат со цел да се дојде до вредната содржина.
Семките од лубеница содржат диетални влакна од суштинско значење за нормално функционирање на дигестивниот тракт. Тие помагаат во случај да се појват цревни паразити, како и за лекување на пациенти со жолтица и воспаленија во организмот …
Семките од лубеница содржат цитрулин, супстанца која дејствува како антиоксиданс и помага во проширување на крвните садови и имаат корисен ефект во случај на атеросклероза, висок крвен притисок, ангина и еректилна дисфункција кај мажите.
Дури и познатиот Едгар Кејси, таткото на холистичката медицина од почетокот на дваесеттиот век, напишал дека семките од лубеница се здрава состојка и особено се корисни за третман на бубрезите и мочниот меур. Според Кејси чајот од свежи семки од лубеница е одличен диуретик и се препорачува за отстранување на камења и песок во бубрезите, чистење на мочниот меур, бубрезите и уринарниот тракт.
Кејси го препорачува следниов рецепт: 4 лажици исклучиво свежи семки од лубеница се мелат или исечени се варат 15 минути во 2 литри вода. Оваа количина треба да се распореди и да се пие два дена, а третиот ден се прави пауза. На тој начин, процесот продолжува неколку недели во исти временски интервали од два дена употреба со еден ден пауза.
Продолжува на страна 2
Еден од најдобрите лекови за третирање на бактеријата Escherichia coli во уринарниот тракт и спречување на паразити во цревата е вода направена од семките на лубеницата. Потребни ви се 30-40 семки свежи или суви. Пред да ги употребите треба да се исечкат, искршат или столчат. Оваа количина се става во 1 литар вода и се вари околу десет минути. Кога ќе се олади може да се чува во фрижидер и да се пие секој ден. Можете да ја мешате со сок или со некој друг вкус ако така ви е полесно. Течноста во количина од најмалку еден литар на ден е потребно да се пие неколку недели до неколку месеци сѐ додека бактериите целосно нѐ исчезнат.
Рецептот е погоден како за деца така и за возрасни. Во текот на летото подгответе и соберете доволно семки како би ги имале на располагање за долгорочна употреба во период кога лубениците не се достапни.
Сличен рецепт се користи и за третман на prostitis, која важи за една од најчестите болести кај мажите, особено оние кои се постари од 40 години. Неопходно е да се земат две лажици суви и мелени семки кои се преливаат со половина литар врела вода. По половина час течноста се конзумира, а потребно е оваа доза да се пие секој ден во период од неколку недели. Првите позитивни резултати на простатата можат да се почувствуваат по само десет дена.
Семките од лубеница се препорачуваат за зајакнување на срцето и мускулната структура на телото. Користење на семките како чај или грицки се препорачува и зазајакнување на меморијата и концентрацијата, но и за сјајот и убавината на затегнатата кожа. Семките од лубеница се одлични, како и самата лубеница, за зголемување на либидото и потенцијата кај мажите. Чајот од семки се препорачува за дијабетичари како ефикасно средство за лекување на дијабетес тип 2.
Семките од лубеницата можете да ги искористите и како солен, вкусен snack слично како и семките од тиквата. Неопходно е да се измијат исклучиво црните семки, да ги раширите на хартија или на некоја површина и да ги исушите на воздух или на сонце целосно. После тоа семките ги печете во тава или рерна на средна температура 20 -25 минути. Не користете премногу висока температура за да ги зачувате корисните состојки во семките. Во 2 дл вода, разматете супена лажица сол и со таа вода повремено посипете го во мали количини семето додека се печат. Водата ќе испари, а солта ќе се задржи на семките. Семките се многу вкусни и го задржуваат поголемиот дел од корисните состојки со ваква употреба. Така подготвени, се омилен специјалитет во Египет.
Семките од лубеница се одличен извор на магнезиум, железо, витамини А, Б, Ц, антиоксиданси, калциум, калиум, манган, ниацин, и полузаситени заситени здрави масти.