Не е лесно да се има дете | Охрабрете ги децата да го истражуваат светот околу себе

448

Седнете на под, исклучете го ТВ и мобилните телефони и бидете со децата. Редете ги коцките, пејте им, читајте и зборувајте, поттикнувајте ги да зборуваат за нивниот ден, да играат криенка …

Развојот на мозокот во првите три години е најинтензивен и најчувствителен, бидејќи сето она што ќе изостане или ќе биде нарушено во тој развоен период може да има далекусежни последици, вели педијатарот д-р Giovana Armano.

– Бебето, штом се роди, има извонредна моќ на чувство и учење. Чувствата се многу важни, и колку повеќе ги вклучуваме, толку е поинтензивен одговорот. Врз таа основа, дејствува и сензорната интеграција – вели д-р Армано. Тоа е метода која се применува како терапија за нарушена комуникација, но д-р. Armano смета дека мора да биде присутна кај сите бебиња.

д-р Giovana Armano

– Во најраното детство бебето има развиено чувство за допир, сака да се гали. Има исклучително развиено чувство за мирис. Ја препознава мајката и мирисот на мајчиното млеко. Бебето слуша, и иако не разбира сè што му кажуваме, сфаќа по бојата на гласот и нежните зборови придружени со допирот, лулањето – објаснува педијатарот, додавајќи дека е многу важно бебето директно да го гледаме. Отпрвин тоа може да биде многу кратко, а потоа подолго да го задржиме погледот и да следите што му се раскажува.

Преку чувствата бебето учи, на пример, го поврзува мирисот на мајчиното млеко со времето кога ќе јаде. За малку поголеми деца играта е составен дел од учењето. Понекогаш се чини дека родителите заборавиле да се играат. Седнете на подот, исклучете го телевизорот и мобилните телефони и бидете со вашите деца.

Редете ги коцките, пејте им, читајте и зборувајте, поттикнувајте ги да зборуваат за нивниот ден, да играат криенка. Бидете повеќе во природа, скокајте по локви вода, поттикнете ги на креативност, бидејќи секоја нова ситуација за нив е предизвик, а решавањето го развива мозокот.

На таа возраст детето мора да сфати дека не е само на светот и дека сè не се врти околу него. Добро е тогаш да се приклучи кон колективот, да најде пријател, па дури и да се скара со него околу коцките или автомобилите. А тогаш ќе му објасните дека треба да споделува и да ги толерира другите.