УБАВИНА

Научниците создале “кожа” за борба против брчки

By kukuriku

November 19, 2020

Научниците од Масачусетскиот технолошки институт, заедно со колегите, создадоа нов материјал кој може да заштитува, заздравува и да ја затегнува кожата.

Според неговите автори подоцна тој може да се користи и при лекување на кожни болести како егзема или различни видови на дерматитис.

Новиот материјал претставува полимер врз основа на силиконот, кој се става на бараната област како тенок слој кој поседува еластични и погонски својства на младежка кожа, наведуваат во соопштението од Институтот.

При тестирање со луѓе, истражувачите утврдиле дека материјалот може да го промени обликот на подочниците, како и да се зголеми хидратацијата на кожата. Оваа “втора кожа”, исто така, може да биде адаптирана за обезбедување на долготрајна ултравиолетова заштита, дополнуваат научниците.

“Ова е невидлив слој кој може да обезбеди заштита, козметичко подобрување или прифаќање на даден лек врз местото на кое е поставен”, вели Даниел Андерсон, професор на Институтот.

Пред да се запрат на најсоодветниот материјал, научниците разгледале над 100 различни полимери. Научниците истражувале можните комбинации во потрага по онаа која најдобро одговара на видот, силата и еластичноста на здрава кожа.