УБАВИНА

Научниците објаснија врската помеѓу дебелината и убавината на жените

By kukuriku

October 02, 2020

И мажите и жените ги наоѓаат жени со висок индекс на телесна маса за непривлечни, но мажите не се толку пребирливи кога станува збор за машка атрактивност, покажуваат резултатите од истражувањето, цитирани од УПИ.

Британски научници побарале од учесниците во истражувањето, мажи и жени, да интервјуираат други мажи и жени. Потоа интервјуирачите требало да ја проценат атрактивноста на интервјуираните.

Проценките беа тестирани за врската помеѓу телесната тежина и атрактивноста.

Резултатите укажуваат дека мажите помалку бараат, кога проценуваат други мажи со висок индекс на телесна маса, додека и мажите и жените ги сметаат дебелите жени за помалку атрактивни.

“Ова е прва студија која фрла светлина на односот помеѓу индексот на телесна маса и атрактивноста од гледиште на двата пола”, изјави Соња Орефис од Универзитетот на Сари.

Таа и нејзините колеги од Универзитетот Оксфорд уверија дека визијата за телесна тежина и убавина игра значајна улога за разликите во платите на мажите и жените. Некои истражувања покажаа дека жените со повисок индекс на телесна маса добиваат помалку пари во споредба со жените со слаба фигура под услов сите други индикатори да се исти.

“Кога станува збор за убавина, жената со прекумерна тежина е оценета негативно и од двата пола, додека мажите се поблаги кон други претставници на истиот пол”, истакна Орефис.

“Голем број истражувања исто го фокусираат вниманието врз негативната корелација со индексот на телесна маса. Утврдивме сепак, дека телесната тежина е нераскинливо поврзана со атрактивноста и дека жените се повнимателни во проценките. Индексот на телесна маса веројатно не разликува масти од мускулна маса, а тоа е од особено значење кај мажите“.

Резултатите од истражувањето се објавени во Economics and Human Biology, цитирано од агенциите.