НАУКА

Научниците изненадени ! Откриле сосема нов вид пчела, која добила морничаво име поради еден детаљ

By kukuriku

November 15, 2025

Ова е прв нов вид на овој инсект во последните 20 години.

Додека бројот на пчели постојано се намалува во светот, или поради климатските промени или поради прекумерната употреба на пестициди во земјоделството, во Австралија е откриен нов автохтон вид пчела.

За разлика од класичните пчели на кои сме навикнати во нашата средина, оваа австралиска изгледа малку поинаку. Како што навеле научниците, пчелата има мали рогови на главата, што ги инспирирало да ѝ дадат „ѓаволско име“ – Megachile Lucifer. Велат дека добиле инспирација гледајќи ја популарната серија „Lucifer“.

Научниците наишле на оваа необична пчела додека набљудувале редок див цвет што расте само во планинскиот венец Bremer во Западна Австралија.

Како што објаснуваат, роговите на главата се многу препознатливи, но се наоѓаат само кај женката пчела. Тие сугерираат дека пчелите би можеле да ги користат како одбранбен механизам, да помогнат во собирањето полен или дури и да соберат материјал за градење гнезда.

Тие истакнуваат дека ова е првиот нов вид пчела откриен во последните 20 години.

Како што истакна д-р Kit Pendergast од Универзитетот Curtin за Би-Би-Си, името Луцифер не е само почит кон појавата на оваа пчела, туку и референца за истакнување на потребата од подобро зачувување на домашните пчели и разбирање на тоа како да се опрашуваат загрозените растенија.

Извештајот за новооткриената пчела е објавен во Journal of Hymenoptera Research.