Научив … Кога си заљубен, тоа се гледа. Научив … Кога некој ќе ми каже “ми го разубави денот” … тогаш и мојот ден е сосема поинаков. Научив … Дека најмирното чувство на светот е кога детето ќе ти заспие во раце. Научив … Да бидеш љубезен е поважно отколку да бидеш во право. Научив … Дека никогаш не смееш да кажеш “не” на подарокот од дете. Научив … Дека понекогаш сѐ што некој бара, е нечија рака за држење и срце за разбирање. Научив … Дека животот е како ролна тоалетна хартија – колку е поблиску до крајот побрзо се движи. Научив … Дека со пари не можат да се купат чест и привилегиран сталеж. Научив … Дека малите секојдневни настани го прават животот спектакуларен. Научив … Дека под сечиј тврд оклоп е некој кој сака да биде ценет и сакан. Научив … Дека фактите, ако ги игнорирам или ги избегнувам, не ги менувам. Научив … Кога планираш некомунда се одмаздиш, со тоа само си дозволуваш тоа лице да продолжи да те повредува. Научив … Дека љубовта, а не времето, ги лекува сите рани. Научив … Најлесен начин да се развивам како личност, е да се опкружам со луѓе кои се попаметни од мене. Научив … Дека сите што ги среќаваш заслужуваат да ги поздравиш со насмевка. Научив … Дека никој не е совршен, додека не се вљубиш во него. Научив … Дека животот е тврд и тежок, но дека сум пожилав и поиздржлив. Научив … Дека добрите прилики никогаш не се изгубени; некој секогаш ќе се послужи со оние кои си ги пропуштил. Научив … Кога ќе се научиш да живееш во пристаништето на горчината, среќата секогаш ќе се укотви на друго место. Научив … Дека треба да раздавате нежни и меки зборови, бидејќи веќе утре можеби ќе треба да ги изедеш. Научив … Дека насмевката е еден ефтин начин за подобрување на својот изглед. Научив … Дека не можам да одберам како да се чувствувам, но можам да одберам што ќе направам во врска со тоа. Научив … Дека секој сака да живее на планина, но дека целата среќа и подем се случуваат додека се искачуваш. Научив .. Дека е добро да се даваат совети само во два случаи: кога некој го бара или кога се во прашање животот и смртта. Научив … Колку имам помалку време, повеќе работи можам да направам. Научив … Болката од касањето на куче нема да помине ако го убиете кучето. Научив … Најдобар училишен час е да седиш на подот пред нозете на постара личност.