Наставничка направила револуција и на децата им забранила да пишуваат домашна работа

6466

Кога ќе добиете порака од педагогот во училиштето во кое оди вашето дете, тешко дека ќе се насмеете, посебно ако пораката спомнува зборови како домашна задача, деца и родители. Но, една наставничка во Тексас автоматски добила огромни симпатии од целото одделение и сите родители кои конечно имаат на што да се радуваат во оваа училишна година.

bredli-jangМладата наставничка Бренди Јанг очигледно не е иста како другите, а тоа до сега го сфатија и нејзините ученици кои сега се во второ одделение во основното училиште Годли во Тексас. Во пораката која ја добиле родителите едноставно пишува дека децата повеќе нема да добиваат специфични задачи кои ќе мора да ги решаваат дома, туку дома ќе мора да го решат само тоа што евентуално не стигнале да го направат на училиште.

porakata-na-bradly

Тоа го поткрепила со истражувањата кои всушност не докажале дека пишувањето на домашни задачи го подобруваат знаењето и можностите кај децата. „Наместо тоа сакам на своите ученици да им пружам знаење кое ќе ги подобри нивните искуства, играјте си со нив, зборувајте за време на ручек или вечера, раскажувајте им приказни пред спиење да можат да се наспијат и да бидат одморни за училишните задачи”.

roditelite-ucenicite-i-bradly

„Многу ја истражував темата за домашните задачи и навистина, помалку или повеќе сите имаат исти резултати, а тоа е дека домашната задачи на детето не претставува никаква можност за напредување. Посебно не на децата во основните училишта каде тие всушност учат се што треба да научат. Како мајка и како наставничка сфатив дека децата навистина некогаш знаат да добијат премногу задачи и едноставно во текот на денот им останува многу малку време за активности од кои би можеле да научат повеќе од препишување и пишување на задачи. Затоа сакам моите ученици да имаат поинаков пристап на училиштето. Сакам да бидат по иновативни и да го искористат времето кога се на училиште и тоа да им биде време во кое ќе научат се што им треба, а дома да учат за други нешта кои не стигнуваме да ги научиме во училиштето” – изјавила Јанг за Поп Шугар.

roditelite-ucenicite-i-bradly3

Една од мајките на која се однесува оваа порака навистина добро и дошла, бидејќи со четири деца кои се на училиште навистина и било тешко децата да ги поттикне да пишуваат домашни задачи до доцна во ноќта, бидејќи понекогаш навистина се нема време и за обемните домашни задачи, а не пак за некои дополнителни активности или пак пријатни семејни дружби. Затоа таа се радува што едно нејзино дете од сега ќе може да дојде од училиште и едноставно да има доволно време да биде дете, да си игра надвор, да запознава нови пријатели и да ужива во нови искуства.

roditelite-ucenicite-i-bradly2

Ако и вие како родител сакате ваков пристап на учење на вашето дете, наставничката Јанг порачува – зборувајте со нас, изложете ни ги своите ставови, наставниците не мора да им даваат обемни домашни задачи на децата. Ако некое дете треба дополнително да направи нешто што не му оди, тоа ќе го направи дома, но и во училиште секогаш има доволно време за индивидуален пристап на одредено дете како и доволно време децата да ги исполнат своите задачи. И така децата нема да научат се за животот од училиштето, на многу нешта можат да ги научат и нивните родители, само кога би имале малку повеќе време за безгрижни разговори, а помалку време да поминуваат терајќи го детето да ги напише домашните задачи.