СЕМЕЈСТВО

Насилството во семејството се пренесува од генерација на генерација

By kukuriku

December 07, 2018

Лицата, кои во текот на детството биле опкружени со насилство во семејството се изложени на поголем ризик и во подоцнежниот живот да имаат такво негативно искуство, покажа најновата студија

Истражувачите анализирале податоци за повеќе од 1.600 американски семејства и откриле дека во речиси четири од пет семејства, во кои имало насилство меѓу сопружниците, децата ја повторуваат насилната пракса кога ќе пораснат, а во три четвртини од таквите случаи децата стануваат жртви на насилство подоцна во животот.

– Овие семејства за жал не биле во состојба да го прекинат циклусот на насилство, изјави Кели Најт, автор на студијата и асистент на Колеџот за криминалистика од Тексас.

– Децата на повеќето родители, кои имале насилен однос во бракот, подоцна трпат насилство или се насилни во семејството, изјави Кели.

Насилството во семејството подразбира туркање, удирање шлаканици, фрлање на предмети, давење, закани или дури обид за убиство на партнерот.

Дури 92 отсто од испитаниците изјавиле дека сториле барем еден помал акт на насилство врз својот партнер, а две третини од нив сториле некое посериозно насилство, покажуваат резултатите од истражувањето.