Американската вселенска агенција NASA пред десет дена по грешка изгубила контакт со сондата Voyager 2 откако била испратена команда која погрешно ја насочувала антената.
NASA се надева дека повторно ќе воспостави комуникација по автоматското ресетирање на ориентацијата на сондата во средината на октомври. Лансиран во 1977 година, Voyager 2 е на околу 20 милијарди километри од Земјата.
Voyager 2 е првата сонда што направила „голема обиколка“ околу Јупитер, Сатурн, Уран и Нептун, што е можно само со ретко поредување на овие планети во линија што се случува на секои 176 години. За да стигне до Нептун му биле потребни 12 години, а доцнел само 1,4 секунди!
Тоа е најдолгата активна сонда со 43 години работа и само втората што го напуштила Сончевиот систем.
Бонус видео