РЕЦЕПТИ

Направете сами вкусен додаток од зеленчук и миродии во исхраната

By kukuriku

March 29, 2019

Многу од домаќинките и љубителите на убавата храна во наследството од своите мајки и баби добиле навика во додавањето на легендарната лажица Вегета во секое јадење.

Ако сте една од оние кои без омилената сина кесичка не можете да замислите подготовка на ниту едно јадење, а по малку се сомневате во содржината која наводно изобилува со адитиви и прекумерна количина на сол, ви го откриваме рецептот за вкусниот додаток во исхраната.

Состојки

Ако сакате, за подобар вкус, можете да додадете:

Подготовка

  1. Зеленчукот исечкајте го на мали парчиња, при тоа внимавајте да се со иста големина. Тавата за печење прекријте ја со мрсна хартија и на неа ставете го исечканиот зеленчук (зарзават), во тенок и рамномерен слој.
  2. Зеленчукот е потребно да се исуши од 10 до 12 часа, што зависи од рерната, затоа наведеното време не е определено, а најдобро е по 3 часа сами да проверите дали зеленчукот е сув, па според тоа го одредувате времето потребно за целосно сушење.
  3. Печката загрејте ја на 70°C, а вратата оставајте ја подотворена, да ѝ се овозможи на влагата да излезе. Кога зеленчукот ќе ја помине првата фаза во која видно е свенато, температурата намалете ја на 60°C и продолжете со сушење додека под прстите не почувствувате дека тој целосно ја изгубил влагата и станал крцкав.
  4. Откако зеленчукот ќе се исуши оставете го да се излади, а потоа ставете го во мелница за кафе или месо, или пак во блендер и така одредете ја големината на парчињата. На крајот во смелената смеса, додадете сол и пченкарна скроб кои ќе спречат формирање на грутки и акумулација на влага.