Американска пивара воведе безалкохолно пиво за кучиња кое доаѓа во различни вкусови. Веста беше објавена на социјалните мрежи, на Светскиот ден на кучето, и тие го нарекоа ова пиво „нектар за кучиња“.
Тоа е супа од коски, полна со вкусови и хранливи материи погодни за кучиња. Пивото за кучиња е достапно само додека траат залихите – но се покажа толку популарно што дури и е утврдена и листа на чекање.
Најдоброто нешто во врска со овој проект е што долар од секоја од првите 50.000 набавки на пиво е дониран на Друштвото за заштита на животните, според „Petmagazine“.
После долг ден, нема ништо поубаво од споделување пиво со пријател. И, со толку многу сопственици на миленичиња ширум Америка оваа година, сакавме да направиме пиво што нашите потрошувачи ќе можат да го пијат со нивниот „најдобар пријател“, рече Даниел Блејк, потпретседател на брендот.