НАУКА

Налудничавиот план за уништување на Јадранот би го променил светот | Фото/Видео

By kukuriku

April 02, 2019

Тоа не е дело на СФ роман, туку целоживотна намера и план на поулавениот човек.

Во третата сезона на серијата The Man in the High Castle, чија приказна се одвива во една алтернативна иднина, во која силите на Оската и Хитлер победиле во Втората светска војна, САД е поделен на три дела, со сателитска нацистичка држава на исток, дел под јапонска окупација на запад и неутрална зона меѓу нив.

Серијата е базирана на SF класика на Phillip K. Dick, кој во оригиналниот роман од 1962. година опишал како силите на Оската целосно го пресушиле Медитеранот, со цел да добијат огромна количина на земјиште за проширување.

Иако на приказната најчесто се гледа како на алегорија на фашизмот, сепак делот кој се чини најкомплициран и “најнапнат” е и оној кој е најблиску до реалноста – делот кој се однесува на празнењето на Медитеранот.

Продолжува на страна 2  

Всушност, планот се смета за сериозен предлог, а го осмислил неколку децении пред настанувањето на романот, германскиот архитект Herman Sörgel. Тој го посветил целиот свој живот во промоција на “големата идеја” целосно да се исуши Медитеранот, вклучувајќи ги и сите помали мориња како Јадранското Море, за да потоа Европа и Африка се обединат во суперконтинент.

Во 1929. година, Sörgel ја напишал книгата за неговите идеи под наслов Panropa Project, намалување на Медитеранот и наводнување на Сахара. Три години подоцна тој го претставил својот проект на нов начин во книгата Atlantropa, пишува Atlas Obscura. Како упорноста била неговото второ име, бидејќи тој до неговата смрт во 1952. година идејата Atlantropа ја бранел во уште четири книги, во повеќе од илјада изданија и безброј предавања, обидувајќи се да влијае и на политичарите и на власта.

Колку и да бил опседнат со идејата на создавање на “еуроафричкиот суперконтинент”, Sörgel бил свесен дека тоа нема да може физички да се реализира само со сушење, па специјално планирал да изгради мостови и делумно да го исуши Медитеранот со помош на бројни брани.

Така би овозможил на милиони Европејци да пронајдат подобар живот во Африка што потоа би довело до доминација на Европејците на Црниот континент. Во тогашно време на расизмот и колонијализмот тоа била сосема прифатлива варијанта. Herman Sörgel дошол до оваа идеја по лошото искуство на Германија во Првата светска војна. Крајот на војната Германија го дочекала поразена и во неред, одземени и биле сите колонии, изгубила една седмина од националната територија и една десетина од населението.

Sörgel инсистирал базата на неговиот “суперконтинент” да биде гигантска хидроцентрала. Конечните нацрти на “Atlantropа” откриваат дека Медитеранот би бил поделен на неколку делови. Браната во Гибралтар, две брани на реката Конго, создавање на море во Чад и Конго, се само некои од деталите на планот на Sörgel.

Продолжува на страна 3

Во тогашната колонијална ера, Африка се сметала за идеална територија за населување на Европејците. Иако денес овој предлог звучи сосема апсурдно, тогаш тоа било разбрано многу сериозно, и сите големи умови на Германија за него дискутирале.

Музејот во Минхен има обемна документација за “Atlantropa”, исечоци од бројни географски списанија, како и целосни карти на потенцијални европски градови во Африка. Она што ја направило „Atlantropа“ толку атрактивна е визијата за “мир во светот”, кој проектот го застапувал, со едноставно технолошко решение, а тоа е изградба на брани и мостови.

Herman Sörgel

Огромната хидроцентрала би снабдувала со енергија добар дел од двата континента, а независниот Совет би имал овластување да ја негира енергијата на било која држава која би станала закана за светскиот мир.

Планот барал од секоја држава да инвестира толку пари во реализацијата на проектот така што ниту една не би имала доволно за финансирање на војни. До смртта во 1952. година, Sörgel се посветил на промовирање на неговата идеја низ целиот свет. Тоа го правел преку весници, радио, филмови, изложби, па дури и преку опера наречена “Атлантропска симфонија”.

Неговата визија, знаеме, никогаш не била спроведена во дело. Прашањето е што би останало од Јадранското Море и целиот Медитеран, и кој знае како би изгледала Европа и Африка денес и како би се одвивале миграциите …