Чорбата се смета за толку старо јадење, колку што трае историјата на кулинарството.
Во времињата кога храната била ретка, а состојките биле тешки за набавување, таа била брз и евтин начин за ситост.
Потечната варијанта на овесна каша се смета за предокот на чорбите. Житните култури, ослободуваат скроб и помагаат таа да се згусне.
Историчарите веруваат дека првите чорби почнале да се сервираат во 18-тиот век, во јавни установи во Париз, објавија од foodpanda.
Секоја култура има сопствена варијација на чорби, а се користат различни производи.
Еве и кои се најпопуларните и вкусни чорби во светот
Шпанија – традиционалната шпанска чорба се нарекува гаспачо и претставува ладна доматна чорба.
Русија – најпознатата руска чорба е Борш. Распространето е дека Украина е земјата од која потекнува borscht, но оваа чорба е популарна и во други земји. Во Русија се подготвува од цвекло, месо и зелка.
Италија – минестроне е најпопуларната чорба во Италија. Според оригиналниот рецепт таа е топла и се прави само од различни видови на зеленчук.
Тајланд – најпопуларната чорба е пилешката која е прелиена со нискомаслено кокосово млеко.
Франција – ако сте планирале патување до Франција, тогаш сигурно треба да ја пробате француската кромид-чорба.
Виетнам – традиционалната виетнамска чорба, се прави од остатоци свинско месо, пченка и друг зеленчук.
Грција – најпознатата чорба е лимонската. Таа се прави од сварено пилешко, цели парчиња лимони и копар.