МЕДИЦИНА

Најскапиот лек на светот чини 2,1 милион долари

By kukuriku

November 23, 2019

Американската агенција за лекови го одобри пуштањето во промет на лекот „Золгенсма” на швајцарската фармацевтска компанија „Новартис”. Една инјекција чини 2,1 милион долари. Таа цена го прави медикаментот – најскап во светот.

Лекот стручно се нарекува „Онасемноген абепарвовек“. Се зема еднократно, во вена.

Новиот лек за спинална мускулна атрофија на швајцарскиот фармацевтски конгломерат „Новартис”, во третото тромесечје годинава им донесе раст од 10 отсто, на 12,2 милијарди долари.

Во периодот од јули до септември, „Золгенсма” им донел приходи од 160 милиони долари, соопштија од „Новартис”.

Половина од пациентите што го купиле лекот, претходно се лекувале со конкурентскиот производ на американски „Биоген”.