МОЗГАЛИЦИ

Најкраток тест за интелигенција

By kukuriku

November 24, 2019

Овој квиз е составен на Универзитетот Принстон во 2005 година од страна на психологот Шејн Фредерик. Целта му е да ја тестира вашата способност да го игнорирате претчувство и да размислувате побавно и порационално.

Се разбира, за да ја докажете вашата генијалност, потребно е да одговорите точно на сите прашања. Но, исто важна е и брзината. Побрз одговор значи поголема интелигенција.

1. Бејзбол палка и топче заедно чинат 1,10 долари. Палката чини 1 долар повеќе од топчето. Која е цената на топчето?

2. Ако на 5 машини им се потребни 5 минути да направат 5 играчки, колку време ќе им биде потребно на 100 машини да направат 100 играчки?

3. Во едно езеро има цветови. Секој ден бројот на цветови дупло се зголемува. Ако се потребни 48 денови за цветовите да го покријат целото езеро, колку време е потребно за да покријат половина езеро?

Одговори:

Продолжува на страна 2

1. 5 центи. Постои голема веројатност да сте одговориле 10 центи. Одговорот е помалку – топче од 5 центи и палка од 1,05 центи изнесува 1,10 долари. И се разбира 1,05 долари е точно 1 долар поскапо од 5 центи.

2. 5 минути. Сигурно инстинктот ви велел 100 минути. Но, од прашањето можеме да одредиме дека за една играчка потребни се 5 минути. Значи 100 машини ќе направат 100 играчки за 5 минути.

3. 47 денови. Можеби сте одговориле 24, но покриената површина се зголемува дупло секој ден. Значи денот пред да биде покриено цело езеро, ќе биде покриено половина од него.