ЖЕНСКИ СВЕТ

Најголемите ерогени зони на женското тело

By kukuriku

January 13, 2019

Ако се уште не знаета кои се, крајно време е да научите, а патем не е лошо да примените правилна метода на стимулација.

Ерогените зони на женското тело се постојан извор на инспирација за секој маж кој сака да ја истражува својата партнерка, а канадските научници успеале да убедат некој да им финансира научна студија со која би сакале да дознаат кои делови од женското тело се толку чувствителни.

На кратко, целта беше да се создаде еден вид на прирачник за женското тело – кои места треба нежно да се галат, а кои подобро реагираат на притисокот.

Тестирани делови се, на пример, брадавиците, страните на градите, перинеумот … и други убави места, а стимулацијата од овие делови ја споредувале со деловите од вратот, стомакот, подлактицата и останатите делови кои не припаѓаат на ерогените зони.

Беа испитани надразби од благ стимул преку притисок и вибрации, а еве до што дошле:

Затоа, кога ги допирате гениталиите, во игра внесете лесен притисок и вибрации, а по останатиот дел на телото, со исклучок на брадавиците, лесните допири се она што е потребно.

Ова се најчувствителните делови на женското тело:

10. Внатрешната страна на бутките 09. Зад колената 08. Задникот 07. Задниот дел од вратот 06. Ушите 05. Стопалата 04. Зглобовите на рацете 03. Градите (брадавиците) 02. Вагината (клиторисот) 01. Усните