(Осврт на книгата „Најумните деца на светот: И како станале такви“ од Аманда Рипли)
Компанијата Бама произведува пити и бисквити во Оклахома уште од 20-ите години од минатиот век. Но компанијата се мачи да пронајде вешти „окиња“ (интерен сленг за работници) кои ќе ги исполнат дури и најосновните работни места во фабриката.
Таквите позиции бараат од работниците критички да размислуваат, но сепак матурантите од локалните училиша често не знаат да читаат или пак ниту проста математика. Токму затоа компанијата неодамна реши да отвори нова фабрика во Полска – нивна прва во Европа. „Слушнавме дека таму има многу образовани луѓе“, објаснува Пола Маршал, шефот на Бама.
Полска успеа да изведе драматични успеси во образованието во минатата деценија. Пред 2000-та, половина од руралното возрасно население завршиле само осново училиште. Сепак сега меѓународното рангирање ги става учениците во Полска далеку пред нивните американски врсници во науки и математика (кои се најсилните предвесници на заработувачка во иднина), иако земјата троши далеку помалку по глава на ученик. Што се прави исправно во Полска? А каде Америка греши? Американската новинарка Аманда Рипли бара одговори на овие и други прашања во книгата „Најумните деца на светот“, нејзината нова убава книга во врска со училиштата низ светот.
Иако слабите резултати во американското образование се изложени во посебна глава во оваа книга, земјата не е осамена во неуспехот да ги научи своите деца како критички да размислуваат. Најмалку ова е ставот на Андреас Шлејхер, „научник за образование“, од познатата Програма за оценување на меѓународните студенти, или тестот Писа. Ако со поголемиот број на тестови се оценува вештината на ученицте да помнат материјали, овој тест има за цел да ја оценува нивната ефикасност во решавање на проблемите. Од 2000 година, ова било применето во кај милиони тинејџери во повеќе од 40 земји, и со изненадвачки резултати. Учениците во Финска, Јужна Кореја, Јапонија и Канада постојано добивале највисоки оценки за разлика од нивните врсници во Германија, Британија, Америка или Франција. Вообичаеното објаснување за овие постигнувања, како што се богатството, привилегиите или расите, не се користи.
Продолжува на страна 2
За да разбереме што се случува во овие училници, Рипли следи три американски тинејџери кои поминале по една година преку размена на ученици во Финска, Полска и во Јужна Кореја. Нивните широкогледи искуства предизвикуваат за понатамиошно читање на оваа книга. Во секоја земја, Американците се водушевени колку напорно работат нивните врсници, и колку сериозно ги сфаќаат обврските за учење. Часовите таму по математика се пософостицирани, со лекции кои често покажуваат фасцинантни примери како геометријата, тригонометријата и сметањето функционираат заедно во реалниот свет. Учениците не користат дигитрони и учат како да пресметуваат во своите глави. Училниците се едноставни и ослободени од високотехнолошки направи, кои децата и така ги имаат дома. А наставниците по секој предмет го изложуваат авторитетот на професионализам, кој високо се цени.
Рипли му ја препишува заслугата на пресвртот во Полска на Мирослав Хандке, поранешниот министер за образоцание. Кога дошол на оваа позиција во 1997, полската економија била во пораст, но Пољаците изгледа биле судбински наклонети кон работни места каде се бараат помалку вештини, за разлика од тоа што го сакале Европјаните. Затоа тој започнал со сега веќе епската програма за школски реформи, со нова клучна наставна програма и со стандардизирани тестови. Сепак неговата најефикасна промена била и неговата најпосакувана: тој го очекувал најдобриот успех од сите негови ученици. Решил да ги задржи сите полски деца во исто училиште до нивната 16 година, одложувајќи го мигот кога некои би се одлучиле за стручни води. Издигнувањето на Полска во рангирањето на Писа е воглавно резултат на високите оценки од овие наводно неакадемски образовани деца.
Ова е лекцијата која Рипли ја наведува во нејзината прошетка по „земјите со умни деца“. Децата жнеат успеси во училниците каде и се очекува да ги остваруваат. Школите работат најдобро кога имаат јасна мисија: тоа се места кои ќе им помогнат на учениците да го усовршат комплексниот академски материјал (а не места посветени на лично усовршување во спортови, додава таа зајадливо). Кога наставниците бараат упорна работа, ученциите често се издигнуваат над очекувањата, а следењето на учениците на различни когнитивни нивоа е стремеж да „се намали учењето и да се засили неднаквоста“ Ниските очекувања често лошо се наградуваат.
Во Хелсинки, Рипли посетила училиште во посиромашнен дел од градот, каде училниците се преполни со бегалци и емигранти. „Не сакам толку да мислам за нивното потекло“, вели наставник кој е загрижен дозволувањето и сочувството да не ја засенат неговата проценка за работата на неговите ученици. „Вашиот мозок е она што се оценува“, вели тој. Таа се водушевена колку е освежувачка оваа теза, кога ќе се спореди со онаа на наставниците во Америка, каде академскиот медиокритет често е заснован на потеклото или маалата од каде доаѓаат децата. И таа ламентира на „перверзниот вид на сожалување“ кој ги спречува американските наставници да не создаваат лоши ученици, најмалку затоа што ова постапка ги поттикнува овие млади подоцна да паднат на уште полошо ниво.
Но, не е секоја приказна за академскиот успех среќна. Во Јужна Кореја, Рипли открива „култура на образовен мазохизам“, каде учениците учат сето време со надеж дека ќе си обезбедат вредно место на едно од трите престижни универзитети во земјата. Земјата можеби има едни од највисоките оценки за матура на светот, но децата таму изгледаат мизерно. Во таквата ситуација, Јужна Кореја дава добри примери колку брзо земјата може да ја промени својата судбина. Воглавно неписмени во 50-ите, Јужнокорејците сега се пример за „екстремна меритократија“.
Американските училници не минуваат добро во оваа книга. Против овие примери за академски успеси, скапите грешки на државата изгледаат уште поналудничаво. На пример, за разлика од училиштата во Финска, која насочува повеќе ресурси кон оние деца на кои најмногу им е потребно, Америка ги финансира своите училишта преку даноци на имоти, со што овозможува социјално најхендикепираните ученици да бидат спакувани сите заедно во најлошите училишта.
Рипли нуди возбудлива количина на согледувања во оваа мала книга. Таа забележува дека Финска, Полска и Јужна Кореја, сите доживеле моменти на кризи – и економски и егзистенцијални – пред да се сталожат и да ги сменат своите приказни. Таа ја наведува последната ранг листа на Светскиот економски форум за глобална конкурентност, која ја става Америка на седмо место, со што се одбележува пад за земјата трета година по ред. Во меѓувреме Финска, таа мала оддалечена нордиска земја со малку ресурси, стабилно се искачува по оваа скала и сега комотно седи на третото место.