СЕКС

Најчестите фетиши во сексот

By kukuriku

November 26, 2020

Многумина имаат сексуални фетиши, но одбиваат да зборуваат за нив отворено и понекогаш ги кријат дури и во спалната соба.

Фетишите се карактеризираат со опседнатост кон конкретно нешто што во случајот ja буди сексуалната желба.

“Сексуалните фетиши не се нешто повеќе од неконвенционални, безопасни сексуални практики. Има некои кои се сметаат за нездрави и чудни, но генерално фетишите не се нешто ненормално ниту се болест. Постојат различни видови, кои можат да бидат окарактеризирани како “лесни” до “екстремни”, изјави сексологот д-р Бошле.

Привлечност или фетиш?

Ако некој маж е привлекуван од блондинки, тоа е личен вкус, прашање на избор. Ако сепак не може да се возбуди од жена која не е русокоса, имаме присутен фетиш, појасни Бошле.

Фетишите се различни и индивидуални. Постојат три главни категории – средина (фетиш кон конкретна материја), форма и дел од телото.

“Генерално фетишите се придружуваат со многу предрасуди и неодобрување. Често лекарите имаат чувство на срам и вина.Обидете се да не ги судите овие луѓе и да не ги нарекувате “изроди” или “луди”. Практично секој од нас е опседнат со нешто во својот живот“, додаде уште експертот.

Еве кои се најчестите фетиши и кај двата пола: