ЖЕНСКИ СВЕТ

Најчести машки оправдувања за неверство

By kukuriku

November 21, 2021

Кога мажот сака да ја изневери жената ќе каже што било само за да се оправда.

Оженетите мажи најчесто кажуваат:

„Таа знае и не и пречи“. Оваа реченици толку пати ја повторил што сигурно и самиот верува во тоа.

„Таа не сака секс“. Дали си се обидел да имаш секс со неа во последно време?

„Не е заинтересирана за секс со мене“. Тоа може да биде точно доколку на пример имате три деца, но ако е така обидете се со терапија.

„Ништо не и значи што постојано ја изневерувам“. Хм… Таа знае дека ја изневеруваш?

„Заедно сме поради децата“. Тогаш можеби и поради децата треба да си бидете верни еден на друг и да поработите на бракот, но ако тоа не функционира, разведете се и полесно ќе им биде и на децата и на вас.

„Знаеше каков сум кога се венчавме“. Сите жени веруваат дека бракот менува се.

„Разделени сме“. Тогаш разведете се.

„Се разведуваме“. Додека не ја покаже хартијата, немојте да верувате.

„Таа е геј“. Па тогаш разведи се.

„Не ме разбира“. Не е единствена.