ЖИВОТ

Начинот на кој се држите за раце со партнерот открива многу за вашата врска – Кој е вашиот?

By kukuriku

August 18, 2019

Ако некогаш сте биле во љубов, знаете колку е прекрасно чувството да шетате со саканиот/та додека ве држи за рака.

Можеби не сте забележале, но овој мал гест кажува многу за вашата врска и за фазата низ која поминувате како двојка, пишува Bright side.

Ве покануваме да го дознаете вистинското значење зад различните видови држења за раце. Значи, кој е вашиот?

1. Дланка свртена кон дланка

Ако ги држете раце на овој начин, тоа значи дека вашата врска се темели на љубов, но не и на страст.

Исто така, открива дека она лице кое дланката ја врти према долу, има посилна личност, често презема иницијатива и поодлучна е.

2. Испреплетени прсти

Продолжува на страна 2

2. Испреплетени прсти

Испреплетените прсти симболизираат страст и силна врска помеѓу две лица. Кога вака ги држете рацете, важно е дека двајцата цврсто ја држете раката на друго лице.

Не е добар знак, доколку раката на едното лице е премногу опуштено.

3. Држење за мал прст

Продолжува на страна  3

3. Држење за мал прст

Овој начин на држење за раце значи дека и на едното и на другото лице од суштинско значење им е независноста. Овие двојки знаат да ја почитуваат приватноста и меѓусебниот простор.

Овој начин на држење, исто така, може да укаже дека овој пар се соочува со деликатен момент кога еден од нив чувствува потребата да бидат само пријатели.

4. Засилен стисок со другата рака

Продолжува на страна  4

4. Засилен стисок со другата рака

Ако употребувате вакво “засилување”, тоа обично значи дека работите меѓу вас двајца се сериозни.

За жал, ова не е секогаш позитивен знак: тоа може да значи и дека сте претворени во еден луд посесивен партнер.

5. Рака под рака

Продолжува на страна  5

5. Рака под рака

Оваа позиција често се користи кога двајцата присуствуваат на некој настан.

Меѓутоа, ако вака ги држите рацете секој ден, тоа значи дека она лице кое го зема партнерот под рака бара заштита или се чувствува малку несигурно во нивната врска.

6. Држење за прсти, малку повлекувајќи ја раката

Продолжува на страна  6

6. Држење за прсти, малку повлекувајќи ја раката

Ова може да значи дека парот не е на иста бранова должина. Лицето кое ја повлекува раката е во обид да ја забрза одлуката на својот партнер.

Исто така, ова може да биде знак дека на еден од нив им здодеала рутинита во врската.

7. Не се држите за раце

Продолжува на страна  7

7. Не се држите за раце

Ако вашиот партнер избегнува да ве држи за рака, тоа може да биде знак дека тој или таа едноставно не се доволно заинтересирани. Сепак, тоа исто така може да укажува на срамежливост и желба за приватност.

Не носeтe предвремени одлуки и набљудувајте ги и другите знаци во вашата врска. Најверојатно немате за што да се грижите.