На Велигден – ТФТ Про & Џина Папас Џокси Na Veligden – TFT Pro & Geena Pappas Joxy
На Велигден (На Велигден сум се заљубил)- Џина Папас Џокси Na Veligden (Na Veligden sum se zaljubil) – Dzina Papas Dzoksi On Easter (I Fell in Love on Easter) – Geena Pappas Joxy
℗ 1991 Џина Папас Џокси / Geena Pappas Joxy Released on: СОКОЈ СТЕРЕО МП 22018 / 1991-04-01
музика/music: Џина Папас Џокси / Geena Pappas Joxy текст/text: Џина Папас Џокси / Geena Pappas Joxy арр./arr.: Тоше Попсимонов / Toshe Popsimonov
Камера – Сашо Доковски Монтажа – Кат Медиа (Cut Media) Ремикс – ТФТ Про Томче Бојаџиевски
Нова а капела верзија на „На Велигден“
Почитувани,
По повод 130 години од изградбата на храмот „Св. вмч. Димитриј“ – Скопје, ми претставува особена чест да ви ја доставам новата а капела верзија на песната „На Велигден“, реализирана во соработка со студискиот хор на TFT Production од Канада.
Оваа изведба е создадена како скромен, но искрен придонес кон одбележувањето на значајниот јубилеј – како музичка молитва што ја отсликува духовната димензија на празникот и континуитетот на традицијата низ времето.
Верувам дека песната со својата атмосфера и порака ќе најде свое место во вашата програма, особено во периодот на празничните денови, носејќи чувство на мир, надеж и духовна радост кај слушателите.
Ви благодарам однапред за вниманието и поддршката.
Со почит, Џина Папас Џокси
130 години од изградбата на храмот „Св. вмч. Димитриј“ – Скопје
Низ вековите, со својата достоинствена едноставност и тивка духовна сила, опстојува храмот посветен на светиот великомаченик Димитриј – сместен на левиот брег на Вардар, под закрилата на Скопската тврдина.
Како најстара црковна градба во централното градско подрачје, храмот претставува вистинска оаза на духовноста во срцето на Скопје – место каде што верата, традицијата и молитвата се пренесуваат од генерација на генерација.
Уште во XIII век, византискиот патеписец Теодор Матохит сведочи дека „под градската тврдина има предградие со најубава соборна црква“ – запис што ја потврдува неговата длабока историска и духовна вредност.
И покрај бројните искушенија низ историјата – пожари, разурнувања и земјотреси – храмот секогаш повторно се издигнувал, благодарение на верата и пожртвуваноста на народот.
Во периодот од 1886 до 1896 година е реализирана неговата голема реконструкција, предводена од мајсторот Даме, син на прочуениот градител Андреја Дамјанов, додека внатрешноста е украсена со фрески и иконостас изработени од тајфата на Димитрија Андонов Папрадишки.
По земјотресот во 1963 година, храмот повторно бил обновен, а неговиот живопис возобновен од Крсте Николов Коловски.
Речиси низ целото свое постоење, храмот „Св. вмч. Димитриј“ бил соборен храм на Скопската митрополија – сè до изградбата на храмот „Св. Климент Охридски“.
Денес, тој не е само сведок на минатото, туку и жив чувар на духовноста – место што продолжува да обединува, да инспирира и да сведочи за трајноста на верата.
Отец Жарко Ѓорѓиевски