ДЕНВЕР, СОМБОР – Српскиот кошаркар Никола Јокиќ вторпат по ред е избран за најкорисен (МВП) играч на НБА лигата, официјално е објавено на веб-страницата на најсилното кошаркарско натпреварување во светот, а пренесува Танјуг.
Како што се наведува, Јокиќ при гласањето добил 875 поени (65 први места) и победил пред центарот на Филаделфија, Џел Ембиди, кој освоил 706 поени (26 први места) и Јанис Адетокумбо од Милвоки со 595 (девет први места).
Јокиќ сезонава имал просек од 27,1 поен, со 13,8 скока и 7,9 асистенции.
Оваа сезона Србинот стана првиот играч во историјата на лигата со најмалку 2.000 поени, 1.000 скокови и 500 асистенции и 13-ти кошаркар во историјата со две последователни МВП признанија на НБА лигата.
Јокиќ во оваа прилика бил многу изненаден од луѓето од Денвер, предводени од тренерот Мајк Мелоун, генералниот директор Келвин Бот и сопственикот Стен Кроенко, кои дошле во Сомбор и му ја врачиле наградата.