СЕМЕЈСТВО

На дебелеењето кај децата повеќе влијаат лошите навики на родителите, отколку генетските фактори

By kukuriku

July 14, 2019

На дебелеењето кај децата повеќе влијаат лошите навики на родителите, отколку генетските фактори, е заклучок на едно британско истражување, пренесе МИА.

Тим експерти од Универзитетот во Плимут тврди дека за разбирање на овој проблем е клучен односот на родителите и децата од ист пол во текот на првите години од животот.

Истражувачите следеле 226 семејства, по што заклучиле дека децата ги имитираат.

Девојчињата кои растат со мајка која е дебела се изложени на поголема опасност од прекумерна тежина во детството, а исто важи за момчињата и татковците.

Експертите од Велика Брианија, каде стапката на дебелеење е една од најголемите во Европа, дојдоа до заклучок таквата поврзаност не важи за мајките и синовите, ниту за татковците и ќерките.