Музичко училиште Ентерпрајз – Имате можност да учите од најдобрите во државата!

187

Ентерпрајз е првото Rock музичко училиште во Македонија кое успешно едуцира нови музички генерации веќе 17 години.

Има внимателно селектиран професорски кадар составен исклучиво од професионални музичари кои активно функционираат на македонската музичка сцена, луѓе кои се најдобри во својата струка, а воедно се и докажани како одлични педагози.

Нашите предавачи им го пренесуваат своето искуство и знаење на учениците, од тоа што секојдневно го работат, не го зборуваат на памет тоа што го прочитале некаде, или некој им раскажувал.

Имате можност да учите од најдобрите во државата!

Во изминативе 16 години, низ вратите на музичкото училиште Ентерпрајз поминале многу млади луѓе, без кои денешната музичка сцена не би можела да се замисли.

Некои од нив се професионални музичари, некои се занимаваат исто така со музичка едукација, многу од нив дипломираа на музичките факултети во државава и вон неа, а некои од нив, одбраа музиката да им претставува само хоби.

Но сите, секогаш ќе се сеќаваат на забавните мигови, опуштената атмосфера, присутноста на почитување на еднаквоста, со акцент на исклучување на лажните хиерархии.

Во Ентерпрајз, сите сме еднакви, не постојат непотребно наметнати авторитети. Музиката е возвишена и продуховена уметност која служи за забава и уживање.

Ние уживаме во нашата работа!

https://www.facebook.com/Music.School.Enterprise/