РЕЦЕПТИ

Мус од кафе

By kukuriku

October 30, 2020

Неодолив спој на чоколаден крем и омилениот црн пијалак за целосно уживање.

Пробајте и уживајте!

Потребно

Подготовка

Чоколадото за готвење здробете го на ситни парчиња и ставете ги во многу врело кафе. Парчињата ќе се стопат од топлото, а потоа оставете кафето малку да се излади.

Одвојте ги јајцата. Жолчките истурете ги во сад и изматете ги со миксер заедно со 75 грама шеќер. Потоа изматете 150 мл павлака. Во кремот којшто ќе го добиете, додадете ја изладената мешавина од чоколадо и кафе, а на крај додадете го кремот од жолчките.

Изматете ги и белките и шлагот измешајте го со кремот од чоколадо и кафе. Смесата ставете ја во сад и оставете нека се лади во фрижидер околу 3 часа. Потоа од мусот, со помош на две лажички вадете кнедли и ставајте по две во чинија.

Остатокот од павлаката изматете го со останатиот шеќер и украсете го десертот. Мусот може да го послужете и со бонбони со вкус на кафе, ливчиња од нане или сецкани бадеми.