Бабата на блогерката др. Кармен Харе живеела 103 години. Иако нејзиното образование било скромно, на својата внука и оставила неколку мудрости според кои живеела.
Долговечната баба на својата внука во наследство и оставила 21 мудрост кои блогерката Кармен Хара ги поделила со своите читатели, пишува „Хафингтон пост“.
- Тишината е злато
- Почитувајте се себе си и другите вас ќе ве почитуваат
- Не врзувајте се за материјалното
- Ако превисоко се искачите падот ќе биде многу болен
- Животот е математика, со константни плусови и минуси
- Толерирајте ги другите
- Што ќе сеете тоа и ќе жнеете
- Простувајте на своите непријатели
- Никогаш не се предавајте
- Морате да се развивате
- Почитувајте го вашето семејство
- Размислите пред нешто да направите
- Инспирирајте ги другите и служете им на другите
- Изградите цврсти темели
- Верувајте во неочекуваното
- Никогаш немојте да завидувате на успесите на другите
- Бидете личност од збор
- Давајте великодушно, земајте по малку
- Не одете по покусиот пат
- Заземете се за себе
- Се што има почеток има и крај.