ЕКСТРЕМНИТЕ горештини што ја зафатија Европа минатата недела донесоа и нови температурни рекорди. Во овој момент, топлотниот бран што започнува во Сахара се движи кон Гренланд, каде што се очекуваат нови рекорди, пренесува Си-Ен-Ен.
Верижна реакција
Кога паѓаат рекордите за топлина на Гренланд, тоа е светски проблем. Гренланд е дом на втората по големина ледена плоча во светот, а кога таа се топи во голем обем, како што се очекува да се случи оваа година, доаѓа до други последици. Во прашање е еден вид на верижна реакција која се манифестира со покачување на нивото на морето, но и во промена на временските услови на светско ниво.
Приближување на рекордот од 2012 година
Гренландскиот мраз обично се топи во текот на летото. Оваа година започна да се топи уште во мај, а оваа недела топлинскиот бран само ќе го забрза процесот. Гренландскиот мраз се издига на 3000 метри надморска височина. Метеоролозите предвидуваат дека температурата ќе биде малку под нулата оваа недела. Тоа е многу топло за подрачјето на Гренланд, смета Рут Мотрам, климатолог од данскиот метеоролошки институт.
„2019 година може да се приближи до топлинските рекорди од 2012 година“, рече Џесо Бокс, професор по глациологија во Геолошкиот завод за Данска и Гренланд. Според него, топењето на мразот во 2012 година било толку брзо што секоја секунда се топело и до 14.000 тони мраз.
Нивото на морето се искачува на глобално ниво
Она што се случува на Гренланд не е само за Гренланд, тоа ќе се почувствува низ целиот свет. Според глациологот Бокс, оваа година се очекува топење на мразот во Северен Атлантик, што може да влијае на временските услови во северозападна Европа.
Како резултат, би можеле да имаме посилни грмежи. Сето ова ќе доведе до глобален пораст на нивото на морето, а во тропските предели, нивото на морето би можело да се искачи за два милиметри или повеќе.
Екстремите стануваат правило
„Само во јули, Гренланд изгубил 150 милијарди тони мраз“, рече портпаролката на Метеоролошката организација на ООН, Клер Нулис. „Ова е еквивалентно на количината на вода во 64 милиони олимписки базени“, додаде во изјавата за новинарите во петокот.
Нулис предупредува дека кога станува збор за пробивање на температурниот рекорд, обично тоа е дел од степенот, но сега тој пробив го надминал тоа ниво за дури два, три, па и четири степени, што е апсолутно неверојатно. И не е само топлината рекордна. Минатата година, Гренланд ја доживеа својата најстудена година во неколку децении.
Се повеќе интензивните топлотни бранови кои ја зголемуваат температурата на Гренланд одат на име на човекот, а ова мислење го потврдуваат европските научници, вклучително и научници од универзитетот во Оксфорд. Истражувачите веруваат дека Светот го чекаат сè повеќе екстремни топлотни бранови, како резултат на климатските промени.