Излегува дека женскиот оргазам навистина не е загатка или мистерија, но секоја жена има свои преференции во сексот.
Женскиот оргазам отсекогаш се сметал за мистерија која подеднакво ги збунува мажите и жените. Меѓутоа, штом старите митови, табуа и концептот на целомудреност ќе бидат уништени, тоа навистина не е толку комплицирано.
Новото истражување на експертите за сексуално здравје од Универзитетот во Индијана ги проучувале женските оргазми и сексуалните преференции во група од 1.055 жени на возраст од 18 до 94 години, за да ја демистифицира идејата дека женските оргазми се комплицирани и да ги поттикнат да комуницираат како најбрзо да постигнат оргазам, пишува IFLScience.
Различни преференции во сексот
Излегува дека женскиот оргазам навистина не е загатка или мистерија, но секоја жена има свои преференции.
Според студијата, нешто помалку од една петтина од испитаниците рекле дека пенетрацијата е доволна за да се постигне оргазам, повеќе од 36% рекле дека стимулацијата на клиторисот е неопходна за оргазам за време на сексуалниот однос, а дополнителни 36% сугерираат дека стимулацијата на клиторисот не е неопходна за време на сексот, но го направила оргазмот уште подобар. Речиси секоја десетта испитаничка изјавила дека воопшто не доживеала оргазам за време на сексуалниот однос.
Накратко, различни жени уживаат во различни работи: некои можат да доживеат оргазам за време на сексот, некои доживуваат оргазам со стимулирање на клиторисот за време на сексот, а некои жени не доживуваат оргазам толку лесно (или поминале низ периоди од животот каде што било тешко за да доживеат оргазам).
Студијата ги опфати дури и различните начини на кои жените сакаат да бидат допирани. Иако дефинитивно има различни преференции, но не се работи за енигма. Огромното мнозинство жени уживале во лесен до среден притисок, додека скоро 16% рекле дека им се допаѓа секој јачина на допир, а 10% сакаат посилен притисок. Приближно 2/3 од жените уживале во движењата нагоре-надолу, 50% во кружни движења, а 30% биле најмногу склони кон движења од страна на страна.
Партнерската комуникација е клучна
Авторите на студијата тврдат дека нивните наоди ја нагласиле „важноста на партнерската комуникација за сексуалното задоволство“. Единствениот вистински предуслов за забава во спалната соба е способноста да комуницирате, да прифаќате и да не избегнувате она што ви одговара.
Експертите се надеваат дека нивната студија ќе помогне да се скршат некои од гореспоменатите табуа, што ќе им олесни на жените и мажите удобно да комуницираат за сексот, сугерирајќи дека развивањето „поконкретен речник за дискусија и етикетирање на нивните преференци“ може да ги поттикне подобро да истражуваат и да им пренесат на партнери она што им се допаѓа во сексот“.