COLUMNS

Моќта на позитивниот став веќе и научно докажан

By kukuriku

April 24, 2019

Како пример за волшебната сила на мислата, сакам да ви раскажам една од најубавите реални, вистинити случки во историјата на Америка.

Во една ладна октомврска ноќ, кратко по крајот на Граѓанската војна, една бездомна, многу бедна жена, чука на вратата на “мама“ Вебстер – сопруга на пензиониран морски капетан, во Масачузетс.

“Мама“ Вебстер ја отвoрила вратата и видела едно изнемоштено и мало сушстество од некои педесетина жални килограми. Непозната госпоѓа и објаснила дека си бара дом каде може да размислува и да реши еден голем проблем, кој ја преоптеретува и дење и ноќе.

“Зошто не останете овде? – и вели госпоѓа Вебстер – Јас сум сама во оваа голема куќа.“

Taкa госпоѓата можеби ќе си останела до крајот на својот живот кај “мама“ Вебстер, но зет и Били Ели се вратил од одморот во Њу Јорк и кога ја здогледал кутрата жена во куќата, збеснал и рекол: “Нема да трпам скитиници во овој дом!” Така бедната жена била принудена да си оди. Надвор врнело пороен дожд. Таа стоела неколку минути и потоа тргнала да бара засолниште. Еве го и најубавото во оваа сторија. Таа “скитница”, која Бил Елис ја прогонал од куќата, има поголемо влијание врз светската мисла од секоја друга жена на земјата. Сега таа е позната на милиони следбеници како Мери Бејкер Еди- основателката на Христијанската наука.

Но, до тој момент од животот таа не познавала ништо друго, освен болести, несреќи и трагедии. Првиот сопруг починал малку по нивната свадба. Вториот ја напуштил и побегнал со омажена жена. Таа имала само едно дете, машко, и сиромаштијата, болестите и љубомората ја натерале да се раздели со него, кога тој имал само 4 години. Му ги загубила трагите и не го видела никаде во наредните триесет и една година.

Поради лошата здравствена состојба, госпоѓа Еди неколку години се интересирала за науката што самата нарекува “ Наука за исцелувачката моќ на умот” . Но, драматичниот повратен момент во животот бил во Лин, Масачузетс. Еден ладен ден таа тргнала во центарот на градот, се лизнала, паднала на ледот во несвест. ‘Рбетот го повредила и заради тоа имала ужасни болки. Дури лекарите очекувале да умре. Лекарот изјавил дека дури и по некакво чудо да оживее, повеќе никогаш не ќе може да оди.

Лежејќи во болничката постела, Мери Бејкер Еди ја отворила Библијата. Читајќи Бог ја потикнал да го прочита следниот цитат од Евангелието на Матеј: “Му доведоа еден парализиран човек на креветот и Исус му рече: “Сине развесели се, гревовите ти ќе ти бидат опростени. Дај земи си ја постелата и оди си дома.” И тој стана и си тргна да си оди дома.

Tие зборови на Исус, вели Мери Бејкер Еди, ја исполниле со таква сила, со таква вера, со таков пристап на иселителна моќ, што веднаш станала од креветот и проодила.

“Toa преживување беше клучот, кој ми помогна да откријам како сама да се погрижам за своето здравје и како да им помогнам на другите да го сторат истото. Веќе имав научни докази, дека причините за се, се во нашиот Ум и секое дејствување е ментална појава“, раскажува госпоѓата Еди.

Ете така Мери Бејкер Еди станува основоположникот и главната фигура во една нова религија – Христијанската наука, единственото значајно учење, создадено од жена, учење кое се раширило по целиот свет.

Автор: Моника Стаменковска