ТЕХНОЛОГИЈА

Модерните технологии ги доведуваат луѓето до бес

By kukuriku

May 19, 2020

Луѓето полудуваат, бидејќи на пример не можат да се сетат на лозинки, покажува анкетата, цитирана од “Дејли мејл”.

Една третина од учесниците во анкетата спроведена од страна на компанијата Centrify, признаа дека неуспешните обиди да се сетат регистарските податоци ги полудувала. Многумина рекоа дека поради ваквите проблеми се раплакувале, викале и дури ја мавале главата во масата.

Една четвртина од испитаниците ги заборавале своите лозинки барем еднаш на ден. Кај 5 проценти лозинките постојано исчезнувале од главите. Само една петтина никогаш не ги заборавиле лозинките.

Се претпоставува дека просечниот човек треба да запомни најмалку 19 лозинки за влез во компјутерот, e-mail, интернет банкарството, социјалните врежи, интернет продавниците и серверите на работното место.

Анкетирање од минатата година покажа дека четвртина од жителите на Велика Британија имаат над 21 онлајн профили со регистарски податоци. Две петтини отворале минимум една сметка неделно.

14 проценти сметале дека по 5 години ќе треба да паметат над 100 лозинки. Проблемите со лозинките ги раздразнувале луѓето повеќе од загубата на клучевите или од испразнетиот акумулатор од возилото.