Многумина страдаат од студени прсти на екстремитетите. А и воопшто не е случајно тврдењето дека настинката започнува од нозете.
Понекогаш, сепак, и покрај сите мерки кои ги прземаме, нема резултат. Затоа ви нудиме опција, од кој ќе остане изненадувачки задоволни.
Излегува дека обичната алуминиумска фолија е соодветна не само за подготовка и пакување на храна туку и за затоплување на студените прсти.
Ако сте на пат и нозете ви се ладни, ви требаат само две парчиња фолија. Обичен станиол од чоколада, исто така, ќе ви заврши одлична работа.
Завиткајте ги прсти со него и за пријатно изненадување за кратко време ќе почувствувате топлина во чевлите.
Можете да ги следите уште и овие совети:
- Стимулирајте ја циркулацијата на крв преку масажа со гумена топка, слична на еже, од 7 до 10 минути секоја вечер;
- Правете масажа со масло од цимет, кој ја подобрува циркулацијата. Измешајте 50 мл бадемово масло со 1 капка масло од цимет. Тријте го секој прст по 1 минута;
- Ќе ви помогнат и етерични масла од четинари (бор, смрека, ела), како и масло од рузмарин, камфор, црн пипер и ѓумбир. Додавајте неколку капки кон топлата купка за нозе;
- Растворете во 1 литар вода 10 грама алкохол и неколку капки камфоров алкохол. Користете го растворот за масажа на екстремитетите.