СЕМЕЈСТВО

Многу брачни двојки остануваат во брак само заради децата

By kukuriku

January 16, 2019

Околу 25 отсто од луѓето кои се во брак признаваат дека се уште се заедно само заради доброто на децата и оти кога тие ќе пораснат можеби ќе размислат за развод, покажуваат резултатите од една студија на британска адвокатска компанија.

Според оваа студија, луѓето кои во брак имаат деца, а сакаат да се разведат, сметаат дека морат да се жртвуваат заради доброто на детето, бидејќи му е потребно да расте со двајца родители, пишува „Дејли Мејл“.

И покрај тоа голем број студии покажуваат дека децата го чувствуваат незадоволство  на родителите во брак и таквите одлуки можат да имаат долгорочно лоши последици за нив, као на пример преземање на лошо однесување поврзано со погрешните очекувања понатаму во животот. Колку и да се трудат родителите, децата секогаш ќе ја чувствуваат негативната атмосфера, колку и да се тивки конфликтите, тие секога ќе бидат тука.

Различни измами, емоционално оддалечување и станување како пријател или цимер се некои од главните прични за несреќа во бракот.

Топ десет изговори за останување во лош брак