Млеко и црвено месо за долговечностност

73

Луѓето кои јадат црвено месо и сирење повеќе од препорачаното живеат подолго, објави Дејли телеграф. Резултатите се однесуваат на истражување направено на научниците од Универзитетот Мекмастер во Канада.

Според експертите, три порции полномасни млечни производи и една и пол порција месо дневно можат да го намалат ризикот од рана смрт за една четвртина.

Резултатите од истражувањето се спротивни на препораките на здравствените работници да се ограничуваат полномасните производи.

Луѓето кои јадат повеќе масти обично ги намалуваат јаглехидратите кои никако не се корисни кога се преработени во слатки храни.

Во истражувањето се опфатени 220.000 луѓе

-Резултатите ни покажуваат дека млечните производи и месото се корисни за срцето и за долговечноста. Тоа е спротивно на сегашните здравствени препораки, сумираше д-р Салим Јусуф од тимот.

Канадските научници не го опфатија пилешкото месо, но други истражувања покажаа дека и тоа ја спречуваат раната смрт на ист начин како и црвеното месо.

Во здравата исхрана треба да има и осум порции овошје и зеленчук дневно и по половина порција јатки и бобинки, потсетија канадските научници.