МЕДИЦИНА

Мистерија | Еве зошто луѓето со Rh- (негативна) крвна група како да не се од оваа планета!

By kukuriku

July 18, 2016

Науката има теории дека можело да дојде до појава на негативна крвна група, но сега за сега тоа се само теории кои не се општо прифатени, па научната заедница кон ова прашање и понатаму е отворена и бара одговор.

Позитивната и негативната крвна група едноставно не се компатибилни. Сите ние, наводно го имаме истиот предок, но 15 отсто од луѓето не влегуваат во овие рамки.

Дали е можно дека (+) и (-) се доказ за некогаш два различни вида на цивилизација или генетска модификација?

Постојат различни теории поврзани со крвните групи. Некои теории велат дека сите неандерталци имале.

Науката вели дека најстарата крвна група е групата О. Пред околу 35.000 години или помалку се појавила О-. Пред околу 20.000 години настанала групата А, пред 10.000 години групата Б, а АБ групата се појавила околу 1500 години.

Тајната на крвните групи е една од загатките која го допира речиси секој човек посебно.

Загатката е во тоа дека науката нема решение за тоа како се појавила крвната група минус (-). На оваа тема сите ние имаме нешто заедничко.

Оние со – (минус) сакаат да знаат повеќе за тоа како – (минусот) се создал, но и оние со +, исто така сакаат да знаат за овие разлики. Во Јапонија, при пополнување на формулари за вработување имате прашање “која сте крвна група”?. Во некои земји постоел закон по кој паровите пред брак се тестирале за крвна група.

Оваа мистерија може да биде на различни начини пречка за многу парови.

Погледите на свет се сосема индивидуални од човек до човек. Некои така, не може да се замисли со партнер од друга националност, некои не би можел да биде со некој од друга вера или нешто слично.

Дали некогаш сте слушнале дека некој пар раскинал поради некомпатибилноста на крвните групи?

Проблемот може да биде поголем отколку што изгледа.

Ако претпоставиме дека жената е Rh-, мора да се земе во предвид дека таа има природен одбранбен механизам кој ќе ги уништува Rh+ крвни клетки во фетусот. Сега станува збор за проблем кој нема измислени, имагинарни поделби како национализам или религија, овој пат имаме вистинска физичка некомпатибилност со некои парови.

Што мислите за тоа? Дали разликата во крвните групи би можела да биде доволна причина за луѓето кои повеќе се фокусирани на природен пат да не изберат партнер од друга крвна група?

Продолжува на страна 2

Како Rh “негативците” се поинакви

Rh- (негативните) луѓе се ретки. Но, чудно е што лице со тип на крв О- (негативна) се смета за “универзален донатор”. Тоа значи дека неговата или нејзината крв може да се даде на било кој, без оглед на крвната група, и без предизвикување на трансфузиски реакции.

Научниците имаат разработени тестови за да ги утврдат разликите помеѓу Rh- (негативни) и Rh+ (позитивни) лица. Со Rh- се поврзуваат интересни и необични способности. Негативната крвна група се поврзува со зголемени психички сили и повисок коефициент на интелигенција, но има помалку развиено физичко тело. Карактеристични и многу чести се сини или зелени очи, руса или црвена коса.

RH- (негативните) луѓе почесто се видовити, имаат пониска температура на телото, зголемена осетливост на топлина и сончева светлина, не можат да добијат трансфузија на крв од Rh+ (позитивен) донатор, тие се со црвенкаста или руса коса, со зелени или кафени очи! Некои дури имаат екстра пршлени или ребра.

Rh- (негативната) крв не го следеше оригиналниот еволутивен пат, туку како некој веќе да направил интервенција од страна …

1. Луѓето со негативна крвна група немаат заеднички еволутивен предок со луѓето кои имаат позитивна крвна група.

2. Rh- крвна група не може да се клонира, другите можат.

3. Во природата, освен кај луѓето не наоѓаме Rh- (?)

4. 0- (универзален донатор) е чиста крв без антигени (како и 0), и без резус ген (кој има +).

Карактеристиките на луѓето со негативна крвна група

• Околу 14-15 отсто од луѓето на планетава има негативна крвна група • Најголем процент од нив живеат меѓу белото население во Европа, а најмалку во азиските земји, Африка, меѓу црнците и индијанците староседелците на Америка. • О- е универзален донатор. Секому дава крв, и таа е набарана. • Некои од нив имаат пршлен повеќе (?) • Нормалната температура на телото им потпросечна • Тие имаат понизок крвен притисок од просечниот • Тие имаат подобри ментални и аналитички вештини • Тие имаат повисока осетливост на ЕМ и ELF полиња • Тие имаат подобри сетила • Тие се со зголемено негативно јонско зрачење околу телото • Тие имаат потенки ребра

Продолжува на страна 3

Мистеријата на хемолитичната болест

Хемолитична болест се јавува кога партнери жена со RH-, а партнерот Rh+. Ако мајката не добие инјекција на антитела, а нејзиното бебе биде Rh+, нејзиното тело ќе произведува одбранбен механизам, кој ќе сака да го убие фетусот. Ако првата бременост и успее без инекција на антитела, втората речиси сигурно нема да успее затоа што кај втората бременост одбранбениот механизам на жената зајакнал и ќе го убие фетусот, односно ќе дојде до спонтан абортус.

Такво нешто не се случува никаде во природата. Позитивната мајка не го отфрлува фетусот ако е детето -, дури и ако тоа е +. Замислете само колку имало спонтани абортуси кога луѓето не знаеле за крвните групи, а многу од нас не го знаат тоа и денес …

Сина крв

Сѐ почесто до нас доаѓаат и информации дека членовите на кралските семејства засноваат брак со своите роднини. И покрај тоа што се смета за инцест, и што се соочуваат со осуда, тие продолжуваат тоа да го прават затоа што имаат за тоа своја причина, а тоа е не мешање Rh фактори. Сите они се Rh- (негативни) и не сакаат да се мешаат со другите 85% од луѓето кои имаат Rh+ (позитивна) група. Браковите ги спојуваат преку договор. Пример за таков брак е оној на принцот Филип и кралицата Елизабета II, бидејќи Филип е нејзин роднина од второ колено.

За важноста на крвната група зборува и фактот дека сите кралски семејства во светот се во некое сродство. Фразата “сина крв” оправдано се користи, затоа што кога бојата на Rh- (негативната) крв ќе оксидира, станува сина.