Во житарките за доручек, кои неретко се рекламираат како здрави, пронашле еквивалент на осум коцкички шеќер.
Во чашка јогурт имало четири коцкички, а тоа неизбежно води кон дебелеење. Германската фабрика Stiftung Warentest, која се занимава со тестирање на производите, неодамна објавила резултати за содржината на шеќер во разни производи кои се нудат во продавниците.
Кутијата со житарки содржела 43 отсто додатен шеќер, што значи дека во оброк од околу 6 даг житарки се наоѓа еквивалент на содржината на осум коцкички шеќер. Затоа, најдобра алтернатива се домашните мусли кои можат да се направат од овесни снегулки и насечкано сушено овошје, кое содржи многу поздрав вид на шеќер.
И млечните производи, како јогуртот можат да содржат дополнителна количина на шеќер.
Германската фабрика тестирала 15 производи. Увидено е дека меѓу нив има количина на шеќер еквивалентна на четири коцкички шеќер во една пластична чаша, која просечно содржи 2,5 дцл јогурт.
Варијантата на природни јогурти е добра замена и може да се заслади со парченца овошје или мала лажица мармалад.