Исповед на Горан откако се преселил на Исланд.
Пратеник во хрватскиот парламент, Горан Алексиќ, споделил на својот профил интересни забелешки на еден Хрват кој почнал да живее на Исланд.
Тој детално го опишал својот почеток во државата на северот на Атлантик. Објаснил за причините поради кои ја напуштил Хрватска, но, затоа детално го опишал она што го добил на Исланд. Насмеаните домаќини, супер-поштени работодавци, па банки каде што служат кафе…
Тој вели дека најмногу го изненадил фактот што по првата плата не морал да плаќа придонеси и даноци, туку фактот дека му бил исплатен целосен бруто износ. Интересно му е дека на Исланд никој не плаќа во кеш. Ви го пренесуваме статусот целосно.
7 септември
“Здраво, Горане … Еве да се јавам од далечниот Исланд. Да … Отидов на Исланд да работам. Мислам дека во Хрватска, за жал, нема повеќе смисла да се живее и работи, се сѐ врти околу тоа кој каде бил “41”, “45”, “91” … Кој усташа кој партизан … Не сакам моите деца да мора да живеат во такво општество. Со текот на времето, и тие ќе дојдат овде. Тука се цени работата, работата е добро платена, сите се среќни, насмеани, непосредни, срдечни (веројатно затоа што ги немаат усташите и партизаните).
Нема шанса работодавецот да ве зафркне и за една круна! Главната работа која се однесува на работниците и работодавачите ја водат синдикатите, кои ги има на островот, мислам, три. Секој граѓанин на Исланд, па и јас, добива kennital (тоа е нивниoт личен идентификационен број – ЛИБ), a секој работодавач мора на работа да има дигитален часовник, во кој работниците го впишуваат својот ЛИБ, кога дошле на работа и кога заминале од работа, тој часовник е од синдикатот, така што тие имаат контрола врз тоа дали сè е во ред со сатницата, а на крајот на месецот и со платата.
Платата на Исланд секогаш е на први во месецот, за сите, без исклучок, ако први паѓа викенд или празник, неработен ден, секогаш е на ден пред тоа. Пред некој ден отидов на прошетка во Рејкјавик и во банка да променам евра … Прво, во банката ме дочека господин во костум кој го дава бројот за услугата која ја чекате, а потоа чекате … Со кафе, читање весници … Во банката е гужва, сите насмеани, погледнувам наоколу и мислам дали можеби сум влегол случајно во некое кафуле …
Продолжува на страна 2
Дојде една жена да ги земе шолјите од кафињата, па ме праша дали сакам уште едно кафе … И така … Чудно. Нема тука ниту Erste, ниту Addiko, ниту Hypo, ниту Sberbank …. Само нивни исландски банки … Ете … Толку од мене. Се надевам дека не ве удавив. Јас ќе продолжам да ја следам вашата работа и работата на вашата партија која ја поддржувам. Жал ми е што немавте време за нови пријатели да се запознаеме и да испиеме по една пијачка, но можеби во некоја друга прилика.
Во повеќе од 20 години стаж, колку што имам, прв пат се чувствувам ценет на работното место, се чувствувам како да сум тука со години, а не само една недела … Немате поим колку тешко ми беше да го напуштам домот, семејството, Хрватска … Убавата Хрватска … Која ја силуваат секојдневно разновидни лица на разни можни начини … Обидите се да направиш нешто со коалиционите партнери, конечно некој да дојде на власт без било какви обележја.
20 септември
Здраво, интересна работа која можеби би било мудро да се воведе и во Хрватска. Не знаев ниту јас, но првата плата што ја добиваш кај некој работодавец се добива бруто на сметка, значи прв месец не се плаќаат даноци и други работи …
9 октомври
Здраво, Горан! Како си? Еве малку да се јавам … Јас сум добар … Освен тоа што ми недостига семејството, сè друго е одлично! Ја добив првата плата … Можам да кажам дека е “парламентарска”, а втората најверојатно ќе биде премиерска! Она што ме изненади тука при отворање на сметка во банка е дека банката не наплаќа ништо за водење на сметката, за тоа се грижи секој работодавач, јас ги плаќам таксите ако сакам пречекорување на сметката, но тоа е нормално …
Втора работа е што во банката има мој извештај од платата, па ако сакам да ја земам во кеш, само им кажувам да ја испечатат. Тука сѐ, или речиси сѐ, од продавници, фризери, пултови … Сè, сè се плаќа со дебитна картичка, речиси никој нема готови пари кај себе, тоа ми беше многу чудно, но полека се навикнувам … Луѓето се фантастични, вчера после работа бевме на пијачка, Хрвати, Латвијци, Летонци, Филипинец, Чех и неколку Исланѓани …. Премногу добро, сите зборуваме на англиски јазик, без политизирања, без усташи и партизани, само големо пријателство … Исланѓаните се брилијантни луѓе, помагаат кога ви е потребно, каде и да треба … Ете … толку засега …
Инаку … Животот тука е мошне скап, но за разлика од Хрватска, каде што платата на една благајничка е 3.000 куни тука е 3.000 евра, и се разбира, возможно е убаво да се заштеди … Еве ако на некој му се расипе фрижидерот или машината за перење не мора да крши глава како да купи нова, оди и купува … Не е како кај нас, да мора на 24 рати, па работи додека не ја отплатиш …. Тие имаат пари тамам колку им се потребни за нормален живот, а не за живот на кредит …
Balkanspress.com