Мезе од модар и црвен патлиџан

2236

Направете мезе од модар и црвен патлиџан, кој одлично одговара со жесток жолт алкохол.

Состојки

  • Модар патлиџан
  • Црвен патлиџан
  • Лук
  • Магданос
  • Нане
  • Кашкавал

Подготовка

  • Исецкајте го модриот патлиџан на кругови, премачкајте го со путер и посолете.
  • Наредете го во тава, и врз површината додајте парчиња црвен патлиџан, лук, нане и магданос.
  • Печете на 200 степени околу 15 минути. Откако ќе се испечат нарендајте кашкавал и чекајте да се растопи.

На крај,зачинете по вкус. Препорачани зачини (кари, шафран и сол).