ВСЕЛЕНА

МЕСЕЧИНАТА НЕ Е САМА НА НЕБОТО | Научниците пронашле мал камен со правилна патека околу Земјата

By kukuriku

November 17, 2021

Kamo’oalewa е наводниот „дамна изгубен дел“ од Месечината што орбитира 40 до 100 пати на поголемо растојание од Земјата во спирална орбита.

Од памтивек, луѓето знаат дека Земјата има свој природен сателит, кој се нарекува Месечина и орбитира на 384.000 километри од нашата планета и нејзиното движење влијае на плимата и осеката и другите аспекти на животот.

Но, во 2016 година беше откриено вселенско „камче“ со пречник од само 50 метри, кое се движи околу Земјата во редовни интервали. Научниците го нарекле Kamo’oalewa – на хавајски: небесен објект што се движи.

Орбитата на ова „камче“ е 40 до 100 пати подалеку од онаа на Месечината и наликува на спирала. Имено, Kamo’oalewa се бори со гравитациското влијание на Земјата и Сонцето во исто време.

„На него првично влијае сончевата гравитација, но податоците покажуваат дека влегува во орбита слична на Земјата“, истакна студентот Ben Sharkey од Универзитетот од Аризона за магазинот Nature кој е и автор на студијата.

Невообичаеното „камче“

Научниците веруваат дека астероидот Kamo’oalewa бил заробен во гравитацијата помеѓу Сонцето и Земјата, но биле изненадени од неговиот хемиски состав. Додека повеќето астероиди светат на дел од инфрацрвениот спектар, овој речиси и да нема сјај, туку монотона боја. Тоа значи дека неговиот хемиски состав, но и неговото потекло е различно.

Sharkey открил по телескопските набљудувања дека астероидот се состои од обични силикати, кои поради некоја причина немаат отсјај. На крајот, научниците заклучија дека Kamo’oalewa веројатно е „одамна изгубениот дел“ на Месечината. Тие веруваат дека се скршил при судир на Месечината со метеори или астероиди.

Ќе исчезне во беспаќа на универзумот

Но, ќе има малку време за истражување и сфаќање дека Земјата има два природни сателити. Имено, според сегашната траекторија, Kamo’oalewa треба да остане блиску до Земјата уште триста години, а потоа да исчезне во вселената.