Потребно
- 1 кг смокви
- 350 г шеќер
- 1 мало парче излупен ѓумбир – по желба
Подготовка
- Излупете ги смоквите и измешајте со шеќерот и ѓумбирот.
- Варете на тивок оган половина час, со тоа што ќе мешате постојано.
- Кога џемот стане густ и леплив, истурете го во тегли предзагреани за неколку минути во рерна на 100 степени.
- Затворете ги цврсто капаците и свртете ги назад, за да се формира вакуум. Оставете ги така до нивното целосно ладење.