Меѓу 28-те починати од ковид во последните 24 часа и 22 годишна трудница од Скопје

595

Меѓу 28-те починати лица од ковид-19 што ги потврди Министерството за здравство за изминатото деноноќие и 22 годишна трудница од Скопје.

Таа е најмлада жртва на коронавирусот во земјата, неофицијално немала коморбидитети и шеста трудница е која почина како ковид позитивна.

Таа била примена на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје на 23 ноември со позитивен тест на вирусот и во тешка состојба поради компликации во бременоста. Три дена подоцна (26 ноември), во критична состојба, била префрлена во ГОБ „8 септември“ каде цело време била приклулчена на респиратор.

Според здравствените власти, биле преземени сите мерки за интензивно лекување, но 22 годишната девојка, сепак, починала во текот на вчерашниот ден.

Министерството за здравство пријави 28 смртни случаи за изминатите 24 часа и 929 нови позитивни случаи на ковид-19.