ДИЕТИ

Медитеранските тајни за слабеење

By kukuriku

November 21, 2020

Кога станува збор за губење на тежината, најдобар начин да се постигне оваа цел, е да го промените начинот на живот и најмногу начинот на исхрана. Тоа е многу подобро отколку да се измачувате, следејќи различни рестриктивни диети.

Доктор Бари Сирс препорачува да следите дел од медитеранските навики во исхраната, па цитираше студија која ја покажува силата на овој режим на исхрана. “Една неодамнешна студија покажа дека медитеранската исхрана го запира метаболниот синдром, кој е претходник на дијабетесот”, вели Sears.

Освен тоа медитеранскиот начин на исхрана влијае врз воспаленијата и некои важни хормони, што ја прави задачата за намалување на телесната тежина многу полесно остварлива. Ако вие самите сакате да ги искористите предностите на правилата на јадење по Медитеранот, следете неколку едноставни совети:

1. Барајте ги полифенолите. Полифенолите се хемикалии кои ја даваат бојата на овошјето и зеленчукот и кои имаат неверојатен ефект врз телото. Тие се моќни антиоксиданси и помагаат за забавувањето на процесот на стареење и доведуваат до губење на тежината.”Многу луѓе набавуваат полифеноли преку кафето, но тоа не е најдобар извор”, смета Sears. Најдобро е акцентирање на зеленчукот и овошјето.

2. Направете го маслиновото масло својот најдобар пријател. Освен што во екстра девственото маслиново масло се содржат полифеноли, за кои веќе стана збор, тоа може да му ги даде на вашиот организам и така корисните омега-6 масни киселини. Овие незаситени масни киселини можат да го намалат воспалението во телото, а како што знаете тоа може да доведе до зголемување на телесната тежина. Затоа е важно воспаленијата во телото да се намалат – ова ќе ви помогне да почнете да слабеете побрзо.

Продолжува на страна 2

3. Нагласувајте ги зачините. Тие се концентрирани извори на полифеноли, иако сепак не треба да претерувате со нив. Зачинетиот зеленчук е совршен рецепт за богат извор на полифеноли – првите пријатели на слабеењето. Советот на Бари Сирс е да додадете и чаша црвено вино на оваа храна.

4. Бидете селективни за правилната храна. Поделете ја храната на три дела – првиот дел е храна која содржи многу протеини и соодветно – малку масти, следната е зеленчук и третата е екстра девственото маслиново масло плус зачини. Овие три делови мора да бидат присутни постојано во менито, бидејќи на тој начин си гарантирате дека во следните пет часа нема да бидете ниту уморни ниту гладни.

5. Избегнувајте ги белите јаглехидрати. “Колку повеќе бели јаглехидрати консумирате, толку поголемо воспаление си создавате во организмот”, вели Sears. Наместо тоа набавувајте ги своите јаглехидрати претежно од зеленчук и некои овошја. Може да се обидете да конзумирате и цели зрна за да ги задоволите своите потреби.