ЖЕНСКИ СВЕТ

Маж за галење под наем

By kukuriku

July 01, 2020

Осамените жени имаат повод за радост, барем оние во Јапонија. Фирмата “Сојнеја” влезе во видното поле со нестандардна услуга – обезбедува под наем за една ноќ убави мажи за 540 фунти.

Клиентките сепак можат да се надеваат само на платонско милување и мили зборови, пишува “Дејли мејл”.

Фирмата од Токио има 30-ина модели, но таа смета дека мажите гарантирано ќе ја ослободат клиентката од нејзиното чувство на осаменост и дека неосетно ќе ги поведат кон светот на соништата.

Киријата за двочасовен сон со придружник чини 108 британски фунти. Збирот отскокнува двојно – 216 фунти, за 4-часовно патување во светот на соништата. Ако се решите за 540 фунти, услугата вклучува милување цела ноќ, а пред тоа готвење и вечера со клиентката.

Како дополнителна опција со плаќање се нуди придружување во ресторан или чистење на домот. Таргет групата на фирмата се богатите 30-40 годишни жени, иако често се јавуваат и 60-годишни клиентки.

На дамите не им е дозволено да ја допираат физичката убавина на моделите на интимен начин, да ги фотографираат или да си закажат други средби, без знаење на Агенцијата.