НАУКА

Мартина од Кичево – првата жена од регионот во аналогна вселенска програма

By kukuriku

February 10, 2026

Живеење во изолирани бази, ограничена комуникација и работа под екстремен притисок – вака изгледа секојдневието на аналогните астронаути.

Меѓу нив е и Мартина Димоска од Кичево, првата жена аналогна астронаутка од Балканот.

Аналогните астронаути учествуваат во реалистични симулации на вселенски мисии на Земјата, со цел тестирање на технологии, оперативни протоколи и човечка издржливост пред идни мисии на Месечината и Марс.

Димоска објаснува дека овие мисии се клучни за безбедна подготовка на човечкото присуство во вселената, бидејќи овозможуваат тестирање на ризични сценарија во контролирани услови.

И покрај тоа што доаѓа од земја без национална вселенска агенција, таа самостојно изгради меѓународна кариера и денес работи на проекти поврзани со човечки вселенски лет. Нејзина цел е развој на современа вселенска инфраструктура во Македонија и инспирација за нови генерации млади научници.